„Астон Мартин" на Шон Конери продаден за 2,4 милиони долари

Автомобил „Астон Мартин ДБ-5“, што му припаѓал на холивудскиот актер Шон Конери, е продаден на наддавање за 2,4 милиони долари.



Ова не е првото возило на британскиот агент Џејмс Бонд „007“ кого го глумеше и познатиот шкотскиот актер, но дефинитивно е најпознатото, бидејќи се појавува во дури осум „Бонд“ филмови. Конери поседуваше еден примерок до својата смрт во 2020 година, а тој е продаден на аукција за 2.425.000 долари. Автомобилот бил чуван во неговиот дом во Швајцарија пред да оди на наддавање. Актерот го обожавал, но никогаш не го возел во Европа бидејќи веќе му станувало потешко да патува. Тој живееше на Бахамите до неговата смрт во октомври 2020 година.

Автомобилот е произведен 1964 година, и е во прилично добра состојба, а значителен дел од парите од продажбата ќе одат во Фондот за филантропија на Шон Конери.

Освен што сега поседува дел од историјата, неименуваниот купувач ќе може да ужива во возењето со поранешниот шампион во Формула 1, сер Џеки Стјуарт, кој беше долгогодишен пријател на Конери.

Возилото на Конери не беше опремено со оружје и „технологија од утрешнината“, бидејќи Конери го купи како лично возило во 2018 година. Првично, каросеријата била црна, но беше обоено во снежно-сива, за да наликува на автомобилот во филмот.

Инаку, „Астон Мартин“ во 2018 година објави дека ќе го продолжи моделот на „ДБ-5“ – вкупно 25 примероци, од кои секој чини 3,5 милиони долари. Исто така, секој од нив ќе има од уредите што се гледаат во филмовите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...