Претставен Fiat Sedici за 2012 година

Fiat ја претстави редизајниранарта верзија на моделот Fiat Sedici за 2012 година, која има освежен изглед и побогата опрема.

Во понудата се два мотора од најновата Euro 5 генерација: бензински 1.6 16v од 120 KS и дизел 2.0 16v од 135 KS кои со ниска емисија на CO2 им овозможуваат на возачите да ја зачуваат животната средина и истовремено да уживаат во високите перформанси. Предвидени се два типа на погон, преден 4X2 и на сите тркала 4x4.

Fiat Sedici MY 2012 достапен е во три нивоа на опрема: Dynamic, Emotion и Experience. Основната опрема подразбира клима уред, ЦД, светла за магла, четири воздушни перничиња и ESP систем против лизгање, додека најопремената верзија на моделот содржи и навигациски систем, ЦД МП3, Bluetooth и приклучок за iPod.

Новина се ретровизорите со металик сребрена боја со интегриран покажувач на правец, електрично подесување и греење. Проширена е палетата со виолетова боја на каросеријата (Purple Rebel), а редизајнирани се и 16 инчните бандажи. Комфорниот ентериер е збогатен со нови материјали.

Fiat Sedici MY 2012 нуди чувство на слобода во возењето при сите временски услови. Доказ за популарноста на овој модел е фактот што од 2006 година до сега се продадени 76.000 примероци, што го прави најпродаван компактен SUV во Италија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Учителката го прашува малиот Трпе кој е најкорисен четвороножец?
- Креветот, учителке!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1840.- Во Ница умре Николо Паганини, италијански...
1878.- Родена е Исисдора Данкан, прочуена...
1957.- Пуштен е во погон првиот агрегат на ХЕЦ...
1964.- Во Њу Делхи умре Џаварахал Нехру,...