Сите знаеме дека јајцата се многу здрави, полни со протеини, антиоксиданси, витамини и минерали, кои ни даваат сила да го истуркаме денот. Иако веројатно оброците со јајца често се застапени на вашето мени, претпоставуваме дека многу од следните феноменални трикови за нивната подготовка не ги знаете.
Дали умеете да направите јајце на око во микробрановата печка? Или да препознаете дали јајцето е свежо? Како да постигнете белката да биде супер тврдо варена, а жолчката да биде перфектно ровка? Сето ова ќе го откриете од видеото направено од екипата на Household Hacker, како и многу други корисни трикови!