ОСВЕЖУВАЊЕ ВО ЧАША

Безалкохолни коктели по рецепт на Џејми Оливер

За време на жештините најдобро е да се освежиме со безалкохолни коктели, а најдобрите рецепти за тоа ги има Џејми Оливер. Еден од најдобрите готвачи на светот, има одлични идеи за приготвување на безалкохолни коктелчиња, кои ќе ве освојат од прва.

Користете сезонско овошје



Исто како што правите со храната, така е и со овошјето. Најдобро е да користете јагоди, кајсии, вишни, праски, киви, боровници и овошја кои се најзастапени во овој период. Ова на вашиот пијалак ќе му додаде боја и природен сласт.

Искористете ги билките



Употребата на сирови билки во пијалакот најчесто е поврзано со коктелите, но тоа не е строго правило. Користите билки во безалкохолните коктели и подобрете им го вкусот, а истите ќе ви послужат и за добра декорација. Босилекот, ментолот, мајчината душица и рузмаринот се најдобри. Комбинирајте го рузмаринот со јагода, ментата со малина и диња, додека мајчината душица со лимонада, а рузмаринот со праска.

Направете свој микс



Звучи комплицирано, но лимонадата и пивото од ѓумбир навистина се работи кои може да ги направите дома. Немојте да купувате пијалаци полни со хемија и шеќери. Направете здрава комбинација и забавувајте се. Многу рецепти може да пронајдете на интернет.

Слушајте ги советите на другите



Распрашајте се и прочитајте нешто за оваа тема. Коктелите се вид на уметност и добро е да искористите неколку трикови од мајсторите. Потрудете се да ги пасирате свежите овошја и додајте ситен лед преку кој може да додавате разни вкусови. Исцедете цитрон одозгора или истријте го на врвот од чашата.

Искористете го ладилникот



Ладилникот е одлично решение за да ги чувате овошјата кои подоцна ќе ги искористите за правење сок. Исто така во сад за мраз можете да ставете неколку билки и истите ќе замрзнат со водата, а ќе ви послужат како одлична декорација.

Правете во големи количини



Една од причината поради која газираните напитоци се толку популарни е што се згодни за користење. Направете поголема количина безалкохолен пијалак и држете го во фрижидер, на дофат. На овој начин повеќе ќе го користите и секогаш ќе имате нешто освежително да им понудите на гостите, кои ќе се воодушеват од шаренилото.

Направете вода со посебен вкус



И повеќе од очигледно е дека во лето ни се потребни големи количини вода. Водата ќе биде уште поубава ако ја освежиме со интересни ароми, како што се босилекот, лимонот и краставицата.

Направете леден чај и кафе



Заблуда е дека кафето и ледениот чај треба да се многу благи и дека е тешко да ги направите сами дома. Ставете го чајот кој претходно сте го свариле во фрижидер и послужете го со природен засладувач и со неколку коцки мраз. Истото важи и за кафето. Ако на почеток вкусот е малку погорчлив, ставете мед наместо шеќер, а низ целата година трудете се користете природни засладувачи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби