Холандски колач со путер

Инспирација за претставување на десертот наречен Boterkoek ни беше видеото на Buzzfied во кое вработените на овој портал за прв пат пробаа слатки со потекло од одваа држава.

Меѓу слатките кои им беа презентирани за дегустација беше и Boterkoek (или во превод слатка/колач од путер), и изненадувачки токму овој десерт на сите им се допадна.

Како што кажува и името, тој е составен од путер, но со прилично мал број на состојки, што го прави брз и едноставен за подготвување, а екстремно вкусен.

Па затоа најновиот рецент за вас е токму Boterkoek, деликатесот од Холандија.



Главните состојки се путер (несолен), брашно, шеќер и јајца Ванила екстракт и кора од лимон за вкус. Навистина едноставно.

Потребни состојки:

  • 250 гр.  несолен путер
  • 250 гр. брашно
  • 250 гр.  шеќер
  • 2 јајца
  • Малку сол
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • Рендана кора од 1 лимон за вкус (опцијално)

Подготовка:

Во подлабок сад измешајте го брашното, шеќерот, солта, ванила екстрактот и кората од лимон. Во посебен сад стопетете го путерот и додадете го во првиот сад со брашното и шеќерот, па мискајте со миксер околу 3 минути. Едното од јајцата додадете го во смесата, а другото скршете го изматете го и кога ќе го претурите тестото во намрсено тавче премачкајте ја површината со второто јајце. Сместата ќе биде густа, но ќе може да се ракува со неа.



Печете на температура од 175 степени целзиусови 20-25 минути.

Кога ќе остине исечете го на мали парчиња и послужете го колачот со кафе.

Добар апетит.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби