Оригинален рецепт за ќебапчиња: Вкус кој маѓепсува!

Прво и основно, треба да користите микс од месо, а основата е јунешко во кое може да се додаде овчо, јагнешко или свинско.

Речете само еден магичен збор – ќебапчиња и реакцијата е однапред позната: кога личноста покрај вас ќе ги слушне овие зборови, веднаш почнува да размислува за тоа каде да си купи една 10-ка, или пак сендвич со пет ќебапчиња, повкусен од било што.

Иако мајсторите овој рецепт го чуваат само за себе, ние се решивме да ви го споделиме:

Прво и основно треба да користите микс од месо, основата е јунешко, во која можете да додадете свинско, овчо или јагнешко. Комбинацијата треба да е 70 % јунешко со 30% мешавина.

Потребни состојки:

  • 750 грама јунешко месо
  • 250 грама овчо месо
  • 1 лажица сол
  •  лажица вегета
  • 1 лажица бибер
  • ½ главица лук
  • 1 лажица кајмак
  • малку минерална вода

Подготовка:

Исечете го месото на ситни парчиња и мелете го неколку пати, се додека не заклучите дека истото е подготвено за месење.

Во блендер иситнете го лукот, се со цел од него да се исцеди сокот, а потоа месото помешајте го со овој сок, заедно со зачините кои што ќе ги додадете по ваш вкус, како и со кајмакот и минералната вода. Добро измешајте ја смесата и оставете ја да отстои неколку часа во фрижидер. Се препорачува вака подготвената смеса да остане во фрижидерот преку цела ноќ.

Започнете да го обликувате месото со помош на готварски шприц со додаток за ќебапи, но доколку го немате ова помагало во кујната, истото можете да го направите и рачно. Ќебапчињата печете ги на скара, но доколку во домот немате скара, приготвувањето можете да го направите и во тава, со исклучително мало количество на масло.

Пријатен апетит!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби