По рецепт на баба: Најдобар домашен ајвар без грешка

Може да се комбинира со скара, со лепче и сирење, а одличен е и како додаток со секое јадење и мезење.

Домашниот ајвар е омилена зимница во секој дом, па овој проверен рецепт сигурно ќе ве израдува. Постапката на подготовка е едноставна, а потребно е само внимателно да ги следите упатствата.

Потребни состојки:

- 10 кг. црвени пиперки

- 3 големи домати

- 5 дцл. масло

- сол во вкус

- 1 голема лажица шеќер

Подготовка:

На печка доколку ајварот го правите надвор, или во рерна или рингла испечете ги пиперките, па излупете ја лушпата и исчистете ги од семки. Изладете ги пиперките ставете ги во цедило да се исцедат, па продолжете со работа за час или два.

Потоа испечете ги и доматите, излупете ги и исцедете. Исцедените пиперки и домати сомелете ги на апарат за мелење месо, па добиената смеса преместете ја во голем лонец и лесно започнете да ги варите.

Смесата мешајте ја што повеќе, а постапно при варењето додавајте масло, по 1 дцл. на секои 20 минути. Имајте на ум дека маслото не смее да избие на површина. При самиот крај, дваесетина минути пред крајот на варењето додадете сол и шеќер. За да знаете дека ајварот е готов, со голема лажица поминете на дното, доколку таа со себе остава трага со која можете да го видите дното на тенџерето, тогаш знаете дека ајварот е готово. Теглите подгответе ги додека ајварот се вари. Загрејте ги во печка на 50-на степени, а наполнете ги со ајварот откако ќе го тргнете од оган.

Кога ќе ги наполните, на врвот на секоја тегла долијте малку масло и добро затворете ги со капаче. Држете ги на мрачно место, прекриени со крпа.

Пријатен апетит.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби