Оригинална идеја: Чудо од кујната кое личи на лубеница

Со малку креативност, време и труд, навистина можете да направите чудо!

Овој пат станува збор за торта која изгледа баш како лубеница.

Готвачката Јоланда Гемп во своето видео кое го објави на YouTube ја објаснува постапката како да ја направите оваа симпатична торта и да ги воодушевите сите ваши гости!

Едноставно, треба да го земете омиленото тесто за кора. Испечете три округли кори во калапа, а четвртата во полукружна чинија. Направете крем путер фил, со додаток на розова прехранбена боја, подгответе чоколадни трошки и можеме да почнеме.

На првата кора сипете малку од сладок сируп (можете да користите шербет), па премачкајте со розовиот крем путер фил. Преку кремот посипете ги чоколадните трошки, така што ќе изгледаат како семки.

Потоа преку трошките нанесете уште еден тенок слој крем.

Одозгора ставете ја кората и повторете ја постапката со сите три.

На врвот ставете ја полукружната кора, со цел да добиете изглед на лубеница.

Со остар нож отстранете ги темните ивици, така што тортата би добила светло розова боја.

Оставете малку да се олади, па премачкајте со бел крем, а одозгора ставете бел фондан (смеса за декорирање на торти).

За финалниот изглед ќе ви треба зелена прехранбена боја.

Прво целата торта премачкајте ја со побледа зелена, а потоа со четкичка направете темни шари. Сега вашата торта-лубеница е готова!



Пријатен апетит.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби