СОН НА МНОГУ ЖЕНИ

Намирница која природно ги зголемува градите

Сон на многу жени е да пронајдат природно средство кое ќе им ги направи градите посилен атрибут во очите на мажите. Билката наречена грчко семе е таа чудотворна намирница, која воедно помага и во обнова на целокупниот организам.



Тоа е една од најстарите лековити билки, која датира уште од старите Египќани. Грчкото семе, чие латинско име гласи Trigonella foenum-graecum, можете да го најдете во речиси секоја продавница за здрава храна.

Голема нутритивна вредност

Грчкото семе е богат извор на протеини, минерали, витамини и фитонутриенти. Меѓу повредните минерали се вбројуваат бакарот, железото, магнезиумот и манганот.

Лековити својства

Постојат повеќе придовибки од ова корисно семе:

- Во западната хербална медицина, се пие во облик на чај за исфрлање на вишокот слуз од синусите, грлото, белите дробови и горниот респираторен тракт.

- Делотворна е и против алергија и грозница. Го стимулира метаболизмот на црниот дроб и бубрезите, а на тој начин го загрева вашето тело.

- Грчкото семе ја смирува и лечи слузницата на дишниот, дигестивниот и урогениталниот тракт.

- Го наламува холестеролот во крвта веќе после 10 дена консумација.



- Претставува одличен тоник за дигестивниот систем, а за негово лекување делува на неколку начини: го стимулира варењето на храната, го потикнува апетитот и го отстранува вишокот на слуз.

- Се користи кај отежната дигестија, недостаток на апетит, слабост, дијареа и кај зголемен црн дроб и слезина.

Консумација

Можете да го консумирате како додаток во секојдневната исхрана – помешајте две големи лажици од ова семе со јогурт или овошен сок или, пак, како чај.

Чајот од грчко семе можете да го подготвите на следниот начин:

Ставете 2 лажици од грчкото семе во 200 мл ладна вода. Оставете го садот на рингла додека да дојде водата до точка на вриење, а потоа оставете оставете го да отстои покриен 20 минути со повремено мешање. На крајот процедете. Во чајот од грчко семе додадете малку домашен мед или лимон, доколку тој вкус ви одговара. Пијте го бавно, во помали голтки. Не внесувајте повеќе од 2 шолји од овој чај на ден.

Природно зголемување на градите



Иако звучи неверојатно, грчкото семе има ефект на зголемување на градите кај жените, бидејќи содржи фитоестроген, кој влијае на раст на дојките и на задржување на вода во ткивото. Постојат 2 начини за да се постигне ова – првиот е масажа, а вториот е консумација на чај.

Она што ви е потребно е да оставите грчкото семе да отстои во вода преку ноќ. Следниот ден со таа вода масирајте си ги градите.

Чајот за зголемување на градите можете да го подготвите на веќе наведениот начин.

Доење

Покрај за убавина, грчкото семе е добро и за доење бидејќи го поттикнува производството на млеко, го смирува бебето, а на овој начин бебето добива и поголема количина на железо и му помага да накачува тежина.

Сепак, добро е да се коснултирате се со вашиот лекар и педијатар.

ПМС

Грчкото семе ги намалува и тегобите од ПМС.

Природна „вијагра“ за мажите



Покрај тоа што им помага на жените, ова семе е добро и за мажите заради состојката diosgenin која ја поседува. Истата ја зголемува половата моќ и лечи многу полови проблеми.

Преку едно истражување, откриено било дека сексуалната моќ и желба кај мажите се зголемила за 30 процети, по само шест седмици консумирање на екстракт од грчко семе.

Кожа

Како облога помага и при воспаленија на кожата (чиреви, апцеси).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби