Ги јадете редовно, но го знаете ли ова за нив?

Кога ќе помислите на јајца, веројатно прва работа која ќе ви дојде на ум е појадок. Тоа е добро, бидејќи последните студии покажуваат дека јајцата сепак не го зголемуваат ризикот за срцеви заболувања, а воедно претставуваат богата храна за телото.



Еве некои работи во врска со јајцата со кои можеби не сте запознати.

Бојата на лушпата

Бојата на лушпата на јајцето не влијае на неговата хранливост, ниту пак на квалитетот. Таа зависи од расата на кокошката која го има снесено. Женките со црвени перја даваат кафеави јајца, а кокошките со бели перја несат бели јајца.

Здрави масти и протеини

Јајцата содржат високо ниво на здрави масти и протеини. Здравите масти ни помагаат да останеме сити, додека пак протеините ја помагаат изградбата на мускулното ткиво. Покрај ова, јајцата содржат антиоксиданси кои го забавуваат стареењето и се борат против ракот.

Бактерии

Само едно од 20.000 јајца кои се продаваат во продавниците содржи отровна бактерија салмонела.



Штитат од загуба на видот

Јајцата содржат хранливи материи кои ги штитат очите од слепило кое настанува во подоцнежната животна доба. Таа состојба се нарекува макуларна дегенерација.

Ултравиолетови јајца

Лушпата на јајцата е сочинета воглавно од калциум карбонат, кој има бела боја. Сепак, некои лушпи имаат и ултравиолетова боја, која не е видлива за човечкото око, но истата е видлива за птиците.

Холестерол

Едно јајце е доволно да се задоволат две третини од препорачаниот внес на холестерол дневно. Сепак, студиите покажале дека секојдневното, но умерено консумирање на јајца не го зголемува ризикот од срцеви заболувања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби