5 овошки со најмногу и најмалку шеќери

Природниот шеќер кој се наоѓа во овошјето секако е подобар од било кој дополнителен шеќер. Сепак, добро е да се знае колку шеќери внесувате во организмот кога јадете необработени овошки, природни овошни шејкови или овошни салати. Ви претставуваме листа на овошки со најголем и најмал удел на шеќери.

5 видови овошје со најмногу шеќери:

Личи или азиска цреша



Во околу 130 грама азиска цреша се кријат 29 грама шеќери и затоа истите треба да се консумираат умерено. Во истата количина се наоѓаат и 136 гр калциум, што го надминува дневниот препорачан внес од 75 милиграми.

Смоква



Во околу 130 грама смокви се наоѓаат 27 грама шеќери. Сепак, смоквите се многу здрави и содржат многу хранливи влакна и калиум.

Манго



Во 130 грама на оваа егзотична овошка се наоѓаат околу 23 грама шеќери. Мангото осигурува и повеќе од една третина од препорачаната дневна количина на витамин А, што значи дека помага во одржување на здравјето на очите.

Цреши



Во 130 грама цреши се наоѓаат 18 грама шеќери и само 100 калории, заради што ова овошје може да се јаде и пред спиење. Покрај тоа, црешите ни помагаат и за подобар сон бидејќи се еден од ретките природни извори на мелатонин, хормон кој помага во регулација на циклусот на спиење.

Грозје



И црното и белото грозје содржи иста количина на шеќер, па така во 130 грама од ова овошје се наоѓаат 15 грама шеќери. Црното грозје е богато со антиоксиданси, а и двата вида содржат многу корисни влакна.

5 видови овошје со најмалку шеќери:

Авокадо



Во едно авокадо со просечна големина се наоѓа само еден грам шеќери. Покрај тоа, истото содржи здрави масти кои ќе ве заштитат.

Брусница



Во 130 грама од ова овошје во свежа состојба, се наоѓаат само околу 4 грама шеќери. Брусницата е многу корисна за здравјето на срцето, како и за уринарниот тракт.

Малини



Една од најомилените овошки во шејковите, во 130 грама содржат дури 5 грама шеќери. Покрај тоа, малините се побогати со влакна од останатите бобинки, заради што повеќе ќе ве заштити.

Капини



Во 130 грама капини се наоѓаат дури 7 грама шеќери, па не мора да се грижите дека ќе се чувствувате летаргично доколку претерате со нивната консумација.

Јагоди



Околу 7 грама шеќери и 85 милиграми витамин Ц (препорачан дневен внес е 75 милиграми) се наоѓаат во 130 грама јагоди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби