5 грешки поради кои рецептите не ви успеваат

Тргнавте да го приготвите оној рецепт што го гледавте пред некој ден на телевизија и завршивте со фијаско во кујната?

Секој од нас барем еднаш во животот се нашол во една ваква ситуација и се запрашал каде погрешил во готвењето.

Следните 5 грешки се најчестите виновници за пропаднатиот рецепт, па сигурно ќе се пронајдете во една од нив.

Не го следите рецептот

Кога приготвувате слатки и теста секогаш имајте предвид дека не можете да правите премногу варијации од основниот рецепт. Ако пишува дека прво треба да ги изматите белките, па дури потоа постепено да го додавате шеќерот направете како што налага рецептот. Некои состојки како путерот и јајцата лесно може да ви направат проблем доколку не го запазите редоследот и начинот на кој треба да ги искористите во рецептот.

Намирници не се на собна температура

Ако пишува дека намирниците треба да се на собна температура, тогаш навистина ТРЕБА. За вас можеби изгледа сосема невино ставањето на ладни состојки во она што го приготвувате, но заборавате на тоа дека токму ниската температура го спречува врзувањето на состојките.

Сте заборавиле нешто?!

Најчесто кога приготвуваме нов рецепт ни се случува не сакајќи да заборавиме нешто или да пак лошо да измериме некоја од состојките. За да не ви се случуваат вакви грешки пред да започнете измерете ги сите состојки и ставате ги пред себе. Така нема да заборавите ништо и ќе се држите до планот.

Премногу или премалку?

Ова може да ви се случи за време на матењето и печењето. Дали сте го изматиле доволно тестото за тортата и кога е време да ја извадите од рерна. Одговорот се крие во искуството. Колку повеќе готвите толку побрзо учите како треба да изгледаат јадењата, како ви работи рерната и колку е потребно за она што го готвите да биде готово.

Има вкус на....

Создадете си навика да го пробувате она што го готвите и тоа во секоја фаза од приготвувањето. Се разбира дека нема да можете да го направите тоа со некоја пита или погача, но затоа со другите јадења и десертите нема да имате никаков проблем. Не ретко забораваме на тоа колку сол и шеќер треба да ставиме доведувајќи се во ситуација да го пресолиме или пак да го направиме премногу благо она што го приготвуваме.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби