Најдобрите извори на протеини кои не се месо

Постои големо недоразбирање за тоа колкава количина на протеини е потребно да внесуваме секој ден.  Американското диететско здружение вели дека активниот возрасен човек треба да внесува по 0,8 грама протеини на килограм од неговата телесна маса на ден.

Но, што е со оние кои консумираат месо во секој оброк? Тие внесуваат околу пет пати повеќе од дневно препорачаната количина. Од друга страна, исто така не е добро и внесувањето на недоволна количина на протеини. Тоа може да предизвика застој во растот, губење на мускулната маса, намалување на имунитетот, како и слабеење на срцето и респираторниот систем, а во најлош случај дури и смрт.

Месото најчесто се перцепира како најдобар извор за протеини, од што настанува и забуната за тоа како вегетаријанците или веганите можат да живеат без месо. Ова е уште едно големо недоразбирање поврзано со протеините. Пред се, потребно ни е да консумираме храна која ќе ни обезбеди девет есенцијални аминокиселини, кои нашето тело не е способно само да ги создава.

Еве кои намирници, кои не се месо, претставуваат извори токму на тие есенцијални аминокиселини. Некои од нив содржат микс од неколку, додека во други ги има недоволно. Тоа значи дека се’ додека секојдневно се комбинира исхраната со зеленчук, особено мешунки, овошје, јатки и житарки од цели зрна, вие добивате се’ што ви е потребно.

Намирниците наведени во продолжение се високопротеински, со што претставуваат одлична замена за месото, а нудат изобилство и на други бенефиции

Чиа семе



Ова моќно семе стана особено популарно изминатиот период. Содржи 4 грама протеини во 2 лажички, помага во варењето на храната и остава чувство на ситост. Исто така, ги обезбедува сите аминокиселини кои му се потребни на вашето тело. Посолете по неколку семиња во јогуртот за да ви биде крцкав!

Кисело млеко

Киселото млеко е исто така високо протеинска храна. Содржи два пати повеќе протеини од обичниот јогурт. Одлично е за појадок или за ужина во секое време.

Киноа

Ова древно зрно е уште еден извор на протеини кој го бранува светот на здрава храна како трендовска супер намирница која треба да се консумира. Не е ни чудно зошто е тоа така - еден филџан киноа содржи 8 грама протеини. Исто така, оваа намирница е одлична замена на оризот со импресивна содржина на влакна и железо.

Едамаме - соја

Единствен зеленчук кој е комплетен протеин, едамаме или соја, е одлична замена за месото. Половина филџан соја содржи 34 грама протеини, додека, за споредба, половина филџан пилешко содржи само околу 17 грама.

Леќа



Еден филџан варена леќа содржи 18 грама протеини, што обезбедува 37% од дневната препорачана доза на железо и влакна. Исто така, добро е да се спомене дека леќата го намалува холестеролот .

Семе од коноп

Со 10 грама протеини во 2 кафени лажички, семето од коноп е великодушен извор на девет аминокиселини. Ако сте веган, ова семе треба да биде редовно застапено на вашето мени, бидејќи содржи есенцијални масни киселини, како што се омега-3 масните киселини. Може да се додаде во салата за значајно подобрување на нејзиниот состав.

Бадеми

Бадемите се полни со протеини - обезбедуваат околу 6-7 грама протеини на 30 грама бадеми, а исто така полни се со здрави монозаситени масти, како и хранливи влакна.

Авокадо



Доколку ја имате во предвид неговата хранлива вредност, вистинско задоволство е да се јаде авокадото, било да е во вид на намаз на двопек, вклучено во салата, во сендвич или едноставно да го јадете со лажичка. Во еден филџан сечкано авокадо се наоѓаат 2,9 грама протеини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби