Едноставно и вкусно: Куглоф со јаболки

Јаболките се совршеното овошје на есента. Одлични за да се јадат свежи, но уште повкусни се во десетри. Вкусни, свежи и полни со витамини.



Јаболките се чувар за здравјето, но што велите тие да ги ставите во десерт кој откако ќе го направите ќе ви стане омилениот?

Куглов со јаболки прелиен со глазура

Состојки:

  • 384 грама брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 1 лажиче цимет
  • ½  лажиче морско оревче
  • ½ лажиче каранфилчиња
  • ½ лажиче сол
  • 175 мл зејтин
  • 200 грама шеќер
  • 120 мл јогурт
  • 240 мл. млеко
  • 3 јајца на собна температура
  • 3 јаболка со средна големина (излупени и иечкани на мали коцки)
  • 1 лажиче ванила екстракт



Глазура:

  • 200 грама шеќер во прав
  • ½ лажиче ванила екстракт
  • 1 лажица млеко
  • 1 лажица сок од јаболка



Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови и намрсете го калапот за куглоф.

Во голем сат измешајте го брашното, шеќерот, прашокот за пециво, зачините, солта. Во друг сад изматете ги добро „течните состојки“ - млекото, зејтинот, јогуртот, млекото, јајцата и ванила екстрактот. Состојките од овој сад додадете ги во првиот и добор промешајте додека не се соединат, а при самиот крај додадете ги и јаболките исечкани на мали коцки. Добиената смеса ставете ја во намрсениот калап и печете ја 60 минути на 180 степени Целзиусови.



Откако ќе се испече оставете да се олади, а потоа превртете го куглоф калапот и извадете го печениот колач на рамен сад. Додека чекате убаво да се олади, направете ја глазурата.

Во подлабок сад ставете го шеќерот во прав, ванила екстрактот, млекото и сокот, додека не ја добиете посакувана густина на преливот.

Глазурата прелијте ја на оладениот куглоф колач и сервирајте.

Добар апетит.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби