Топ 5 намирници за добар почеток на денот

Сите знаеме дека појадокот е најважниот оброк во денот кој не би требало да се прескокнува. Ова се петте најпосакувани намирници за добар почетокот на денот.



Овесна каша

Содржи хранливи влакна, богата е со омега 3 масни киселини и содржи фолати и калиум. Најмногу хранливи влакна има во преполовените зрна (steek-cut), а секогаш бирајте овесни снегулки без дополнителен шеќер. Готови се за само 15 минути, а можете да ги засладите со мед, млеко, или да им додадете овошје или малку јаткасти плодови.

Јогурт или кисело млеко

Овие млечни производи се богати со калциум и белковини. Најдобро е да се консумираат за појадок без слатки додатоци, бидејќи самите се доста хранливи и брзо ќе се чувствувате заситено. Доколку и понатаму чувствувате потреба за нешто слатко, слободно можете да ги искомбинирате со некое овошје по сопствен избор.

Пченични никулци

Само две супени лажици пченични никулци го снабдуваат телото со дури 15% од денвно препорачаната количина на витамин Е, витамин кој најчесто ни недостасува во исхраната. Можете да ги додадете во својот појадок така што ќе ги помешате со вашиот јогурт или во омиленото смути.

Грејпфрут

Ова овошје го поттикнува согорувањето на вишокот килограми и рамнотежата на нивото на шеќерот во крвта. Покрај тоа, грејпфрутот е одличен за хидратација на организмот и е богат со антиоксиданси, кои го зајакнуваат имунолошкиот систем. За балансиран појадок, добро е да се консумира во комбинација со белковини - јајца или јогурт.

Банана

Бананата изобилува со добри јагленихидрати кои се најзаслужни за чувството на ситост долго после појадокот. Содржи голема количина на калиум, а добро се комбинира со житарки и овесната каша.



Сите овие намирници на децата им даваат енергија, го зајакнуваат имунитетот и ги чуваат од зачестените инфекции кои во зимските месеци лесно се шират во градинките и училиштата. Разновидната исхрана е важна, особено ако е базирана на житарки, мешунки, овошје и зеленчук и други квалитетни намирници, кои исклучуваат рафинирани производи, особено шеќер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби