Лапни голтни: Рафаело коцки со јагоди

Зимата не е сезона на јагоди, но и со смрзнатото овошје може да приготвите извонреден десерт што ќе ги натера вашите пријатели веднаш да ви побараат рецепт.

Потребни состојки:

Тесто

  • 5 белки
  • 5 лажици шеќер
  • 2 лажици брашно
  • 100 гр кокос
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 3 дц ладно млеко за преливање на кората

Жолт фил

  • ½ дл млеко
  • 5 лажици густин
  • 5 жолчки
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 7 лажици шеќер
  • 200 гр путер
  • 100 гр шеќер во прав

Фил од јагоди

  • 500 гр јагоди (може и смрзнати исцедени од течноста)
  • 150 гр шеќер
  • 2 пудинга од јагода
  • 2, 5 дл вода

+ 2 кесички шлаг пена (опционално)

Подготовка:

Тесто

Изматете ги белките и шеќерот во цврст снег, па потоа полека додавајте го брашното, кокосот и преостанатите состојки. Добиеното тесто ставете го во набрашнета тепсија со димензии 20 на 30 см и печете околу 15 минути на 180 степени. Кога ќе биде готово уште додека е топло прелијте го со млекото и оставате да ја впие течноста.

Жолт фил

На страна изматете ги жолчките, шеќерот, густинот и ванилиниот шеќер со малку млеко. Потоа оваа течност додадете ја во млекото што претходно сте го ставиле да врие. Варете додека не добиете густа смеса, па оставете да се излади до собна температура. На страна пенесто измиксајте ги путерот и шеќерот во прав. Во добиената смеса постепено додавајте од претходната и миксајте додека не добиете изедначен фил.

Фил од јагоди

Најпрво ставете ги јагодите во блендер и исечкате ги на најмали парчиња, за потоа да ги ставите да се варат со шеќерот. Од 2, 5 дл вода одвојте малку вода во која ќе ги растворите пудинзите. Остатокот од водата додадете го во јагодите и оставете да се проварат. Потоа додадете ги пудинзите и варете уште неколку минути.

Кога филот е изладен нанесете го врз кората. Оставате да се стегне, потоа врз него ставете го жолтиот фил и на крај украсете со шлаг пена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби