Колач со ванила крем

Ванилата е еден од најдобрите додатоци и нејзината примена во десертите е неизмерна. Од сладоледи, торти, колачи па се до кремови, пијалоци и шеќери.

Но, ванилата најдобро функционира кога е „соло“. Па затоа Food52 прикажа супер едноставен рецепт за ванила колач во кој таа е главната ѕвезда. Во самиот колач и над него.



Пред да започнете со подготвување, намрсете тркалезен калап за торта (или обложете го со хартија за печење) и уклучете ја рерната на 180 степени Целзиусови.

Состојки:

  • 130 грама шеќер
  • 3 јајца на собна температура
  • 2 лажички ванила екстракт
  • ¼ лажичка сол
  • 130 грама брашно
  • 200 грама путер
  • 1 прашок за пециво

За подготовка на шлагот:

  • 235 грама хопла
  • 1 лажичка ванила екстракт
  • 1 лажица шеќер во гранули



Подготовка:

Во поголем сад со миксер изматете ги јајцата и шеќерот додека смесата не стане светло жолта. Околу 5 минути. Во садот додадете ги ванила екстрактот и солта и кратко мискајте, помалку од 1 минута. Стопете го путерот и оставете го на страна. Во садот додадете го брашното, прашокот за печење и инкорпорирајте ги во смесата, а потоа додадете го и стопениот путер и добро мешајте.

Ставете го тестото во намрсениот калап и печете 35-40 минути во претходно загреана рерна. Кога ќе го извадите колачот од рерна, малку ќе спласне во волумен, но тоа е нормално.



Оставете да се олади, а во меѓувреме изматете ја хоплата, ванила екстрактот и шеќерот додека не добиете црвст шлаг.

На отсечено парче ставете по една лажица од хоплата и послужете.

Добар апетит.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби