Салса со пченка

Салсата е генерално прифатено летно јадење, но всушност тоа е вкусно во било кое време. Лесно се подготвува и уште побргу се јаде. Трпи измени и експерименти, а се што ви е потребно е само трпение додека ги исечете сите состојки. Ова е верзијата инспирирана од Џејми Оливер.



Состојки:

  • 1 поголема конзерва или пак 250 грама замрзната пченка
  • 20 грама сецкан магдонос
  • ½ лута пиперка (ситно исечена)
  • 1 главица кромид (исечен на коцки)
  • 4 домати (исечени на коцки)
  • 2 јажици масло за јадење
  • Сол и црн пипер по вкус



Подготовка:

Бидејќи не е сезона на свежа пченка, ова јадење можете да го направите со замрзната која ќе ја сварите или пак во конзерва.

На подлабоко тавче ставете го маслото за јадење и загрејте го на средна топлина. Кромидот пропржете го околу 5 минути во тавчето. Тој треба да биде само малку омекнат. Посолетете и додадете ги исечканите домати, а на крај додадете ја пченката. Исклучете го оганот и оставете ја пченката, доматите и кромидот да се динстаат 1-2 минути во тавчето. Додадете го на крај магдоносот и зачинете ако е потребно уште еднаш.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби