Dave’s Kitchen: Храна на која не може да и се одолее

Dolce far niente е животното мото кое совршено го опишува животот на еден Италијанец. Убавината е сега и тука, па што друго преостанува освен да се ужива.

Но, не лажете се дека овие темпераментни луѓе, се мрзеливи и исполнети со суета. Сосема напротив. Тие го ценат своето време и ќе ви ве натераат да им ги испочитувате принципите, без оглед на тоа од која страна на светот доаѓате.

Давор од Dave’s Кitchen, ја имаше несекојдневната можност од близу да ужива во италијанскиот лежерен стил на живот и нивниот култен однос кон храната. Тој го посети регионот Апулија и гратчето Фасано, лоцирани во југоисточниот дел од земјата и со нас ги сподели впечатоците од ова неповторливо гастрономско искуство.

-Првото нешто што ќе го забележите кога ќе пристигнете се маслинките. Буквално имаат дрво пред секоја врата. Сирењето и кашкавалите се на едно сосема поинакво ниво, а луѓето...Луѓето ве пленат со својот позитивен однос како ниту еден друг народ во Европа. Не може, а да не ги засакате, раскажува Давор.

Рикота

Италијанците знаат како да го извлечат максимумот од животот и тоа несомнено се забележува во нивниот однос кон храната, која претставува вистинско хедонистичко задоволство, подготвено со многу љубов и внимание. Ако некогаш имате можност да го посетите овој регион внимавајте да не ги навредите своите домаќини барајќи им кечап бидејќи тие признаваат само убаво приготвен доматен сос.

Пармезанот е на исто ниво со солта и биберот, но кога ќе истурите премногу од него врз јадењето, ризикувате сите да ве погледнат помалку чудно. Не затоа што го штедат, туку затоа што го расипувате вкусот на јадењето кое грижливо било приготвено од главниот готвач.

- Заборавете на тоа дека за појадок ќе јадете нешто солено. Тие едноставно не функционираат така. Наутро се појадуваат само слатки нешта. Невозможно е да купите пица пред 12 часот.

Фарфале со вегетаријански сос

Ручекот е сосема поинаква приказна. Сè започнува со мала закуска во вид на фокача или пак брускети. Потоа следи предјадењето кое верувале или не, секогаш е еден вид паста.

Комбинацијата на паста со леќа кај нас можеби звучи како последниот спој на храна кој што би го направиле, но кај нив е нешто сосема вообичаено. Дури откако сте ја изеле пастата може да преминете на главното јадење, а потоа и на десертот.

Со сопственикот на Caruso

Кога сме кај десертите, градот Полињано а Маре, кој што се наоѓа во близина, е едно од најдобрите места во областа каде што можете да вкусите сладолед од ф`стаци. „Caruso gelateria“ ја има освоено наградата за најдобар сладолед во Европа, па можете само да ја замислите богатата палета на вкусови со која што располагаат.

Оние кои не сакаат сладолед секогаш можат да ја задоволат потребата за благо со најразличните десерти кои може да се купат на речиси секој агол од градот. Она што мора да го пробате се палачинките со рафаело крем и нутела.

Сладолед од ф`стаци

-Тестото воопшто не наликува на она на што ние сме навикнати. Но, и покрај тоа вкусот е извонреден!

Ако сè уште се двоумите дали да ја посетите Италија или пак да изберете некоја друга дестинација, замислете си дека само што ви сервирале вкусна жешка пица со 4 сирења.

При секој загриз чувствувате сладострастие од вкусови кои ви се преплетуваат во устата. Сетилата се маѓепсани од мирисот на пармезан и горгонзола, додека на врвот од јазикот се случува експлозија од задоволство. Дали навистина мислите дека можете да одолеете?

Н.Вуковиќ



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби