Лесно и во едно тавче: Пилешко со сусам

Лесно, брзо за подготвување, здраво и вкусно. Јадење полно со протеини и витамини, а сето тоа во едно тавче. За подготвувањето ви е потребно  едно поголемо тавче (ако немате вок тава), а остатокот од состојките можете да ги погледнете подолу.

Состојки:

  • 1 килограм пилешки гради
  • ½ лажица сол
  • ½ лажица црн пипер
  • 3 лажици брашно
  • 2 лажици масло од сусам
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 чешниња лук (ситно сечкан)

  • 1 лажица соја сос
  • 1 лажица кафеав шеќер
  • 1 лажица оцет
  • 60 грама пилешка супа (само течноста)
  • 2-3 лажици сусам
  • 100 грама обарена зелена боранија

    Подготовка:



Во подлабок сад измешајте ја супата, шеќерот, маслото од сусам, лукот, сојата и оцетот и оставете ја смесата на страна. На рингла загрејте го добро тавчето, а пилешкото исечено на коцки со големина од околу 2 сантиметри посипете го со брашно. Добро промешајте за сите парчиња да се обвитаат со брашно па посолете ги и ставете им црн пипер. Печете на масло додека не добијат златна боја од сите страни. Во тавчето додадете ја смесата која ја зачувавте и ја ставивте на страна.

Промешајте и намалете ја троплината на ринглата, па покријте го тавчето со капак и оставете 5 минути да се издинса. По 5 минути вклучете ја рерната на 180 степени целзиусови и ставете ја смесата во тавчето да се испече околу 20 минути, додека не испари речиси целата течност.

На крајот додадете обарена боранија и печете уште додатни 5 минути. Послужете топло.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби