ИНСТАНТ РЕШЕНИЕ

6 правила и 7 дена за половина од соништата

За недела дена треба да одите на венчавка или пак на одмор, а уште се прашувате како да го намалите обемот на својата половина за да можете да го облечете омилениот фустан?

Имаме инстант решение за овој проблем, кое се состои од 6 едноставни правила.

1.Избегнувајте ја солта – поради консумацијата на солена храна во телото се задржува вишок вода. Затоа во текот на 7 дена избегнувајте сол и солена храна богата со натриум.

2. Отфрлете ги јаглехидратите – заборавете на тестенините и лебот доколку сакате за кратко време да добиете потенка половина. Наместо тоа фокусирајте ја својата исхрана на протеини.

3. Намалете со млекото - обожавате млеко и дневно пиете повеќе од половина литар? Ако сакате да ослабнете тогаш препорачливо е да ја намалите оваа доза бидејќи млекото може да биде една од причините поради кои чувствувате надуеност и имате гасови. Заменете го со јогурт или тврдо сирење.

4.Без лути зачини – храната што содржи многу зачини предизвикува излачување на киселина во желудникот што пак предизвикува иритација. Ова сигурно нема да ви помогне во губењето на масните наслаги, па затоа избирајте зачини кои имаат поблаг вкус.

5. Без кафе, алкохол и преработени шеќери – во текот на оваа диета овие намирници не треба да се најдат на вашето мени. Освен тоа што не помагаат во топењето на мастите го поттикнуваат нивното таложење и задржување во телото.

6. Изберете го вистинското овошје - избегнувајте ги јаболката и крушите затоа што во себе содржат високо количество на фруктоза. Подобра замена за овошје би биле цитрусните и црвените овошја како јагоди, малини, цреши, вишни...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби