ПОДГОТВЕТЕ ДЕНЕС

Идеи за лесен и вкусен појадок во канцеларија

Велат дека појадокот е еден од најважните оброци во денот. Не се препорачува да го прескокнете, па затоа потрудете се да го започнете утрото со нешто што ќе биде здраво, а воедно и вкусно.

Кога треба да појадуваме на работното биро не ретко сме без идеја што да јадеме, па паѓаме во искушение да си нарачаме калорична и брза храна, која на долг рок може да ни предизвика најразлични проблеми.

Доколку појадувате во канцеларија, следат неколку предлог идеи за појадок кои се лесни за приготвување и пред сè здрави за вашето тело.

Овесни снегулки – секогаш добра опција за појадок. Пригответе ги од вечер, па следното утро кога ќе станете веднаш ставете ја кутијата во чантата. Освен што се здрави, одлично заситуваат.

Житарици – во фиоката направете си место за мала кутија со житарици. На овој начин секогаш ќе ви бидат при рака и на лице место ќе можете да ги комбинирате со јогурт или млеко. Се што ви треба е лажичка и поголема шолја за кафе, која можете да ја користите за повеќе намени.

Гранола – гранола баровите можете да ги јадете такви какви што се или пак да ги комбинирате со други нешта како суво овошје, млеко, јогурт...

Јогурт – кога сме веќе кај јогуртот можете да ја појадувате старата добра комбинација на ѓеврек и јогурт или проја и јогурт. Оние кои сепак, сакаат нешто поблаго едноставно нека го спојат своето омилено овошје со овој пијалак и денот може да започне.

Јајца – ако сте за протеински појадок јајцата се одличен избор било да си приготвите омлет, фритата или пак да ги јадете варени.

Мафини или домашен леб – домашно приготвените мафини и леб се супер идеја од две причини. Прво затоа што точно знаете што има во нив, а второ затоа што домашното секогаш е највкусно.



Чиа – чиа семето е богато со омега-3 масни киселини, влакна и протеини. Комбинирајте го со млеко, јогурт, овошје...

Смути – можете да го консумирате секое утро и тоа во различен состав. На интернет постојат најразлични рецепти што ќе ви помогнат во тоа секогаш да имате нова комбинација на овошја и зеленчуци на менито.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби