Dave’s Kitchen: Летна трпеза прсти да излижеш

Оваа недела Давор беше мошне добар, па нè почести со една интересна и пред сè мошне вкусна летна трпеза.

На неа се најдоа лазањи, капрезе салата и салата од ракчиња, прсти да излижеш тарт со јаболка и неверојатно добар овошен коктел со бело пенливо вино.

Доколку сакате да ги изненадите своите најблиски со една ваква трпеза или пак едноставно ви се најавиле гости, ова е вистинскиот избор на јадења за вас.

Овошниот коктел е лесен и мошне вкусен. За да го направите ќе ви бидат потребни 1, 5 л овошен сок (мултивитамин),сечкано овошје (портокал, киви, јагоди), нане и свежи листови од јагоди.

Сите состојки се мешаат и се ставаат во вашиот омилен калап. Во овој случај е користен калап за куглоф. Потоа истата се става во замрзнувач и се остава да отстои една вечер. Токму затоа овој коктел се прави од денес за утре. Следниот ден се остава малку да се одмрзне за да излезе од калапот и во замрзнатата основа се додаваат уште половина литар сок и половина литар бело пенливо вино.

Доколку сакате да ја направите капрезе салатата земете 2 домати, парчиња моцарела и свеж босилек. Парчињата се редат едно врз друго, се посолуваат и на крај се полеваат со маслиново масло и балсамико.

Рецептите за тартот од јаболки, лазањата и салатата со рачиња и авокадо ќе ќе може да ги прочитате во следните 3 недели.

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби