Освежителни алкохолни пијалаци за летниот период

Во летниот период на високите температури посегнуваме само по ладни и освежителни пијалаци. Заборавете за миг на ладната вода и лимонадата и нареден пат кога ќе го повикате друштвото во домашна атмосфера подгответе им едно од овие алкохолни пијалаци.

Сангрија



Потребни состојки за 4 чаши:

  • 2 големи лажици бренди
  • 2 големи лажици ликер од портокал
  • 5 големи лажици шеќер
  • 1 портокал
  • 2 лимети
  • 1 мала јаболка, излупена и исечена
  • 1 нектарина праска
  • 1 шише вино или шампањско
  • 340гр. Sprite

Начин на подготовка:

Во еден голем бокал истурете го брендито, ликерот од портокал и шеќерот. Истискајте го сокот од една лимета и една половина од портокалот. Мешајте додека шеќерот не се растопи. Исечете ја останатата половина од портокалот на парчиња и додадете ги во бокалот, а потоа додадете ги и парчињата јаболка и праска. Потоа истурете го виното, сокот Sprite и многу смрзнати парчиња грозје, кои се одлична замена за мраз. Сепак, ставете коцки мраз во една чаша, доколку некој сака поладен пијалак.

Мадслајд



Потребни состојки за 1 чаша:

  • 3 големи лажици ликер од кафе
  • 3 големи лажици вотка
  • 3 големи лажици ликер од ирски крем, како што е Baileys

Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во шејкер и протресете ги со многу мраз. Ставете ја течноста во чаша и послужете со многу мраз.

Мохито



Потребни состојки за 1 чаша:

  • Сок од 2 лимети
  • 4 мали лажички шеќер
  • 12 свежи листови од мента
  • 4 големи лажици бел рум
  • 4 големи лажици тоник
  • Искршен мраз

Начин на подготовка:

Во висока чаша ставете ги сокот од лимета и шеќерот и мешајте додека не се растопи шеќерот. Искинете ги листовите мента на половина и ставете ги во чашата. Со дрвено стапче, нежно истискајте ги листовите во течноста за да се испушти малку сок од нив. Додадете го румот, мразот и тоникот. Измешајте и на крај додадете ги останатите ливчиња мента на врвот на чашата.

Гранд Мимоза



Потребни состојки за 6 чаши:

  • 6 големи лажици ликер од портокал
  • 1 шише шампањско или бело вино
  • 85гр сок од портокал
  • 6 парчиња портокал за декорација

Начин на подготовка:

Во секоја чаша додадете 1 голема лажица ликер од портокал. Дополнете ги чашите со шампањско или вино. На крај додадете по малку сок од портокал. Декорирајте ја чашата со парче портокал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби