ПОВЕЌЕ ЗЕЛЕНЧУК, МЕШУНКАСТИ ПЛОДОВИ И ЗРНА

Научете како да се исхранувате супер здраво за 3 недели

Помалата консумација на протеини од животинско потекло има повеќе позитивни ефекти врз нашиот организам, како намален холестерол и крвен притисок, помал ризик за срцеви болести, дијабетес и рак. Токму затоа лекарите постојано препорачуваат наместо месо, да се внесува повеќе зеленчук, мешункасти плодови и зрна.

-Растенијата се како аптека на природата, вели Кејт Гиган, авторка на книгата Go Green Get Lean.

Тие се богати со хранливи материи и антиоксиданси кои не можеме да ги добиеме од животните. Најдобриот дел од сето ова е што не мора целосно да го исфрлиме месото од исхраната, туку само почесто да го заменуваме со поздрави опции кои се подеднакво вкусни и здрави за нашето тело.

На почетокот ова може да ви се види како мошне тешка задача, особено ако голем дел од вашата исхрана се базира токму на месо. Сепак, со паметно планирање во рок од 3 недели ќе може да направите многу корисна и здрава промена.

Прва недела – започнете со комбинации

Оставете го месото на чинијата со тоа што ќе ја намалите неговата количина. Кога купувате намирници изберете три типа на храна која ќе го замени месото, како на пример печурки, грав и наут.

Следниот чекор е во комбинирањето на протеините. Доколку јадете една чинија месо, поделете го месото на половина и комбинирајте го со една од трите споменати намирници.

Намалете со сланината, колбасите и различните типови на преработено месо кои се полни со сол, конзерванси и масти.

Втора недела – нови рецепти

Овој пат целта ви е да внесете во својата исхрана 5 јадења кои се вегетаријански, односно воопшто не содржат месо.

Наместо јајца за појадок определете се за поздрава варијанта на храна, како овес, тост со авокадо, чиа семе и слично.

Изберете ручек или вечера во кои нема месо. На пример јадете фалафел или плескавица од киноа. На интернет постојат илјадници вегетаријански рецепти кои ќе ви дадат добра идеја што би можеле да јадете.

Трета недела – влезете во рутина

Во третата недела веќе треба да ја имате преполовено консумацијата на месо на половина.

Планирајте однапред и не плашете се да експериментирате со нова храна. Продолжете да јадете 5 вегетаријански оброци во текот на неделата и обидете се да избегнувате месо за вечера во текот на викендите бидејќи тогаш најлесно се паѓа во искушение за сочен хамбургер и скара.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби