Протеинските шејкови имаат помалку протеини од што очекуваме?

Протеинските шејкови се омилени напитоци кај лицата кои се занимаваат со физичка активност  или одат во теретана. Без разлика дали е тоа кардио вежбање или кревање тегови протеинските шејкови за многумина се „најдобриот пријател“ кој може да го имаат за време на вежбањето.



Протеинот придонесува за ревитализацијата на мускулното ткиво, баланс на нивоата на енергија и хормоните во телото, а исто така и за градење на мускулна маса, најголемата причина поради која луѓето што вежбаат всушност ги пијат.



Едно јајце содржи околу 6 грама протеин, една шолја зрна соја содржи околу 15 грама протеин, а една кременадла дури и 17 грама протеин. Но, тоа се протеини кои ги внесуваме со „природни производи“.

Што е со вештачките протеини преку прав и специјални протеински барови кои се продаваат во продавниците за спортска опрема? Протеинскиот прав најчесто се меша со вода или млеко, но една студија која проучувала 70 различни произведувачи на протеински суплементи открила дека тие всушност содржат дури 60% помалку протеин отколку што рекламирале на самото пакување.



Регулаторските правила налагаат разликата (во овој случај недостатокот) во пакувањето и самиот производ да не изнесува помалку од 25% , а во дури 21 од тие 70 испитани производи, содржината на протеин изнесувала помалку од 10%.

Причината поради тоа е што во различни држави, самите суплементи како протеински шејкови различно се третираат, а и различно се продаваат. На пример во Ј. Африка тие се третираат како медицински средства, а на пример во САД тие се сметаат за храна која нема медицински намени и така и се продаваат.



Медицинските лица предлагаат лицата кои ги конзумираат протеинските напитоци да направат добро истражување (интернет и кај тренерите во теретаната) пред да се одлучат да ги купат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби