Dave’s Kitchen: Опера колачи

Ова се колачи за кои важи онаа народната „прсти да излижеш“. Можеби малку ќе се помачите додека ги приготвите, но верувајте дека вреди.

Потребни состојки за пандишпанот:

  • 5 белки
  • 50 гр. шеќер во прав
  • 250 гр. мелени бадеми
  • 250 гр. шеќер во прав
  • 80 гр. брашно
  • 5 јајца
  • 50 гр растопен путер

Со помош на миксер изматете ги белките, постепено додавајќи ги 50-те грама шеќер додека не добиете цврста пена.

Во друг сад на страна изматете ги преостанатите состојки, не додавајќи ги една по една туку сите одеднаш. На крајот кога смесата ќе биде добро изматена додадете 50 грама растопен путер и спојте ја со претходно приготвената пена.

Смесата поделете ја подеднакво во две правоаголни големи тавчиња обложени со хартија и печете на температура од 200 степени околу 10-тина минути додека не добие убаво златна кафена боја.

Кога пандишпаните ќе бидат готови од едната страна премачкајте ги со растопено чоколадо и ставете ги во ладилник да се стегнат околу 10-15 минути.

Во меѓувреме пригответе ги филовите.

Фил со кафе

Потребни состојки:

  • 150 мл. млеко
  • 50 гр. шеќер
  • 3 жолчки
  • 50 гр. шеќер
  • 180 гр путер
  • 2 лажици еспресо

Најпрвин ставете ги млекото и шеќерот на оган и мешајте додека млекото не дојде до точка на вриење. На страна изматете ги јајцата и преостанатиот шеќер и додадете ги во жешкото млеко притоа матејќи со маталка. Откако смесата ќе дојде до вриење накратко оставете ја малку да се излади, па префрлате ја во миксер. Додадете го еспресото и миксајте додека не добиете хомогена смеса. Откако филот потполно ќе се излади додадете го омекнатиот путер и повторно миксирајте додека убаво не се соедини.

Чоколаден фил

Потребни состојки:

  • 150 гр. чоколада за готвење
  • 100 мл слатка павлака
  • 2 лажици мед
  • 3 лажици путер

Во сад на пареа растопете ги сите состојки додека не се соединат. Оставете филот да се стегне на собна температура.

Откако сте ги приготвиле филовите време е за редење на колачите.

Прво поделете ги корите на 2 дела, така што ќе добиете 4 подеднакви делови. Ставете ја првата кора и врз неа нанесете1/2 од кафе филот. Потоа ставете ја втората кора и врз неа ставете го целиот чоколаден фил. Врз неа следи редењето на третата кора и мачкање на преостанатиот дел од белиот фил. Потоа оставете да се стегне околу 1 час во ладилник.

На крајот прелијте со чоколадна глазура приготвена од 250 гр. чоколадо за готвење, 100 мл слатка павлака и 5 лажици путер растопени на пареа. Прелијте ја низ целата површина врз последниот слој од бел фил и оставете да се стегне.

Од оваа доза би требало да ви излезат околу 20 -тина парчиња.

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна, Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби