НОВИ ТРЕНДОВИ

Модерни правила за уживање во виното

Времето заладува и почнува да се чувствува мирисот на есента. А токму ова време е незамисливо без добро црвено вино. Без разлика кое повеќе го преферирате, виното нуди посебен шмек во кој треба да се ужива според одредени „правила“.

Но, со оглед на трендовите кои брзо се менуваат, така и трендовите за вино полека се менуваат. Што треба да знаете за оваа есен да го консумирате на помодерен начин?



Не се плашете да го ставите црното вино во фрижидер

Идејата за послужување црно вино на собна температура едноставно застарела. Во ред е кога виното се чува на 15°С, но кога е премногу топло, не е вкусно. Вистина е дека кога има повисока температура е поживо и има подобар вкус, но ако е претопло го губи вкусот.

И белото вино не треба да го замрзнувате

Да, правило е дека белото вино треба да биде ладно, но не треба да претерате. Само поевтините вина или оние со низок квалитет треба да се доста ладни. Сепак ако пиете некое фино бело вино, температурата може да биде еднаква како и кај црното вино.



Пијте го во чаша за коњак

Не секогаш, но ако сакате виното добро да го промешате во чаша и да го испиете како професионалец, во ресторанот слободно прашајте дали може да ви го послужат во чаша за коњак.

Не замислувајте дека го знаете точниот вкус на вашето омилено вино

На пример, може да заклучите како вашиот Pinot има невообичаен вкус и да почнете да му приговарате на келнерот поради тоа, но причината за различниот вкус е и земјата на потекло, бидејќи одгледувањето на исто грозје во Америка, Франција и Македонија не може да биде исто.

Инсталирајте апликации за вина на мобилниот телефон

Да, денес постојат апликации за апсолутно сè, па така и за вино. Истите може да ви помогнат при изборот на вино за пријателите, за тоа кое вино одговара со одредена храна, каде да најдете ретки вина...



Немојте да мислите дека храната која одговара со вашето вино мора да биде вообичаена

Добрата храна и доброто вино секогаш одат заедно, па заповедите како што се „црно вино со бифтек“ или „бело вино со риба“ всушност и немаат смисла. Многу готвачи се колнат дека постојат превкусни црни вина кои одговараат со риба и бели кои беспрекорно се консумираат со месо, па слободно пробајте ги овие комбинации.

Не ги отфрлајте локалните вина

Кога ќе видите дека не е произведено во некој познат вински регион, веднаш знаете дека не е убаво, нели? Не треба да ги потценувате вината, бидејќи некои вина на пример направени во најдобрите региони во Франција, едноставно не се убави.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби