Dave’s Kitchen: Вкусен куглоф брз и лесен за подготовка

Искористете го продолжениот викенд за да приготвите лесен и вкусен десерт за своето семејство и пријателите.

Потребни состојки:

  • 250 гр путер
  • 2 шолји шеќер
  • 6 јајца
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2 ½ шолји брашно
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • Прстофат сол
  • 1 шолја кисела павлака
  • 100 гр чоколадо

За чоколадниот прелив:

  • 70 мл слатка павлака
  • 150 гр чоколадо

Начин на подготовка:

Во миксер измешајте ги путерот и шеќерот, матете околу 5-6 минути додека путерот не се соедини со шеќерот и не стане пенест. Едно по едно се додаваат 6-те јајца, екстрактот од ванила, брашното, сода бикарбона и прстофат сол. Брашното додавајте го на два пати, а не цело одеднаш и на крајот додека матите додадете ја киселата павлака.

Добиената изматена смеса претурете ја во два сада по половина во секој сад. Во едниот сад додадете 100 гр. растопено чоколадо.

Од смесите истовремено се става во подмачкан куглоф со путер и со нож се прават нежни кружни движења. Се пече околу 45 минути на 170 степени.

Кога ќе биде комплетно изладен се прелива со чоколаден прелив кој можете да го подготвите на следниов начин:

Во тавче на оган ставете да се загрее слатка павлака и кога убаво ќе се вжешти додадете ги парчињата чоколадо. Измешајте убаво додека не се растопи комплетно чоколадото и одозгора на куглофот нанесете од чоколадната глазура. Декорирајте со исечкани ореви.

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби