8 работи што не сте ги знаеле за Тоблероне

Тоблероне е познато швајцарско чоколадо на кое ретко кој може да му одолее, а во последно време е актуелно поради одлуката на компанијата во Велика Британија да ги зголеми празнините помеѓу парчињата, со што тежината му е намалена за 10%.

Еве 8 работи кои најверојатно не сте ги знаеле за ова чоколадо:

1) Името му е игра на зборови

Изумител на ова чоколадо е Theodor Tobler (Теодор Тоблер). „Тоблероне“ доаѓа од неговото презиме, а плус тоа „torrone” е италијански збор за вид на нугат.

2) Старо е 108 години

Теодор со жена му го креирал во 1908-ма год, а производството на чоколадо било фамилијарен бизнис.

3) Го кршите погрешно цело време

Во 2014-та, YouTube видео стана вирално откога го прикажа „правилниот„ начин за кршење на чоколадото, кое треба да се изведува навнатре, а не нанадвор.

4) Човештвото консумира 62 000 километри Тоблероне секоја година

Доколку сите продадени Тоблероне чоколада се наредат едно до друго, ќе се добие ред долг 62 000 километри – тоа е поголема должина од обемот на Земјата.

5) Формата е инспирирана од танчари

Иако вообичаено се мисли дека формата на Тоблероне ги претставува швајцарските планини, таа всушност ги претставува танчарите од Folies Bergères – кабаре музичка сала во Парис. Танчарите формирале пирамида на крај на претставата, од што доаѓа и формата на чоколадото.



6) Има „скриена порака“ во логото

Доколку убаво го загледате логото, ќе забележите дека внатре во силуетата на планината, негативниот простор има форма на мечка.

7) Доаѓа во 10 големини

Најголемото Тоблероне кое е на продажба е долго 1 метар.

8) Постојат 11 разни вкусови на Тоблероне

За 108-годишното постоење, компанијата си играла со голем број на вкусови, од кои денес постојат 11.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби