Dave’s Kitchen: Пилешко во сос од портокал

Невообичаен вкус, не карактеристични комбинации... Но, крајниот резултат е воодушевувачки!

Откако еднаш ќе пробате да го направите ќе стане вашата омилена комбинација со пилешко.

Потребни состојки:

  • 2 пилешки гради исечкани на коцки
  • 2-3 лажици брашно
  • 3 лажици маслиново масло

За сосот со портокал:

  • 80 мл. соја сос
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица доматен сос
  • 1 лажица јаболков оцет
  • 1 лажичка кора од портокал
  • 50 мл. сок од портокал
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажица рендан свеж ѓумбир
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица вода

Начин на подготовка:

Врз пилешкото ставете го брашното и убаво извалкајте така што ќе бидете сигурни дека е покриено секое парче со брашно, па во тава на оган на маслиново масло испржете го на средна температура.

За да го направите сосот сите состојки по редослед додадете ги во еден сад, а на крајот на страна измешајте го брашното со водата и додадете го во садот со сите преостанати состојки. Добро промешајте.

Кога пилешкото ќе започне да добива убава златно кафена боја, додадете го сосот во тавата, гответе и намалете ја температурата така што потребно е постојано да мешате.

Сосот ќе започне да се згуснува по 5 минути готвење по што пилешкото во сос од портокал е готово и спремно за сервирање.

Сервирајте со пресечено парче портокал или со свежо исечкан магдонос.

Добар апетит и забавно готвење!

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби