Најпосетените места за јадење според Instagram

Ах, тој Instаgram! Секојдневно нè бомбардира со постови од храна кои што ги објавиле нашите пријатели. Како воопшто да се воздржиме пред предизвикот и да внимаваме на калориите, кога сите оние фотографии нè мамат да тркнеме до најблискиот ресторан или пак да си зготвиме нешто дома?

Храната отсекогаш ги зближувала луѓето, па сосема е разбирливо зошто повеќето од нас остануваат со подотворена уста кога ќе видат добро „спакувана“ храна од која ќе започнуваме да подголтнуваме.

За љубителите на храна, а воедно и за оние кои обожуваат да патуваат следат едни од најчесто споменувани места за јадење на Instagram за оваа година. Повеќето се во Њујорк, па ако ве носи патот натаму, потрудете се да ги посетите.

Sugar Factory –Њујорк


Доволно е да погледнете како се подготвува еден од нивните шеќерни пијалаци и ќе ви стане јасно зошто сите постираат слика на Instagram кога ќе го посетат ова место.

Nobu Malibu – Малибу, Калифорнија

A photo posted by Monica (@thetastefulnomad) on


Местото е едно од омилените на семејството Кардашијан, а плени со своето суши мени, пијалаците и одличниот поглед на крајбрежјето.

Тао Downtown – Њујорк

Ако сте по колачињата со порака тука ќе го најдете најголемото и тоа во форма на десерт сервиран со овошје и чоколадо.

Black Tap Craft Burgers & Beer – Њујорк

A photo posted by New York City (@newyorkpulse) on


Кога ќе видите каков милкшејк служат ќе ви стане јасно зошто секој прво фотографира и постира на Instagram, па дури потоа ми се предава на задоволството.

San Pedro Fish Market and Restaurant – Сан Педро, Калифорнија

A photo posted by Brian (@look_itsbrian) on


Секој што е љубител на морска храна мора да заврши тука на добро јадење и на уште подобро фотки.

Lavo -Њујорк

A photo posted by Matt Hughes (@mattbhughes) on


Ова е италијански ресторан што воедно е и ноќен клуб. Откако ќе завршите со пастата, може да продолжите со се забавувате со своите пријател во клубот.

Аcme Feed & Seed – Нешвил

Бар и ресторан на три нивоа што освен храна секогаш има и жива музика. Одлична комбинација за некој што сака да јаде, а воедно и да ужива во добра атмосфера.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби