КОНСУМИРАЈТЕ ГО ШТО ПОЧЕСТО

Здравствени придобивки од авокадото

Трендовите во врска со храната постојано се менуваат, но авокадото е постојано присутно скоро во секој од нив, благодарејќи на неговиот состав кој изобилува со хранливи состојки.

Авокадото е едно од ретките овошја кои содржат здрави, мононезаситени масти, кои се исклучително важни за одржување на ситоста, бидејќи организмот ги обработува многу подолго отколку протеините и јаглехидратите.

Овие масти помагаат за намалување на холестеролот и редуцирање на ризикот од срцеви заболувања, а некои истражувања покажуваат дека може позитивно да влијаат на нивото на инсулин, со што се намалува ризикот од тип 2 дијабетес.

Покрај мононезаситените масти, авокадото е полно и со:

Витамин К: влијае врз нормално згрутчување на крвта и служи како превенција против ослабување на цврстината на коските

Витамин Ц: влијае на растењето и заздравувањето на клетките – почнувајќи од оние на кожата, па до нервите. Исто така е и антиоксиданс, што значи дека го заштитува телото од оштетување од слободните радикали кои предизвикуваат канцер и разни срцеви заболувања.

Витамин Б6: овозможува здрава функција на имунолошкиот систем, нервите, и формирање на црвени крвни зрнца.

Витамин E: му помага на телото во создавањето на црвените крвни зрнца и го подобрува имунинетот, а исто така е и есенцијален антиоксиданс за здравјето на кожата и косата.

Фолати: го одржуваат здравиот развој на клетките и ткивата, служат како превенција од еден тип на анемија, и се основни за правилен развиток на мозокот и рбеток кај фетусите – така што е исклучително важно трудниците да земаат ваков суплемент.

Магнезиум: важен е за правилна функција на мускулите и нервите, го подобрува имунитетот, цврстината на коските, го регулира шеќерот во крвта и помага при создавањето на енергија за организмот.

Калиум: помага во одржување на нормалниот баланс на течностите во телото, помага и на функцијата на нервите и мускулите, на синтезата на протеините (за создавање нови мускули), и е одличен за намалување на подуеноста.

Растителни влакна: помагаат за одржување на здравјето на дигестивниот систем и цревата, го намалуваат холестеролот, го стабилизираат шеќерот во крвта и помагаат за одржување на телесната тежина

Лутеин: овој каротеноид – име за мноштвото растителни пигменти кои произведуваат црвена, портокалова и жолта боја – е одличен за здравјето на очите, бидејќи заштитува од очни болести, делумно поради апсорбирањето на сината светлина која што е штетна. Лутеинот е исто така и антиоксидант.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби