Направете превкусна торта со малку поразлични состојки

Навикнати сме да правиме торти уште од времето на нашите баби, но време е да експериментираме и да подготвиме нешто поразлично од она што сме навикнати. Направете торта со моркови!



Потребни состојки за бисквитот:

  • 200гр моркови
  • 75гр ореви
  • 125гр брашно
  • 100гр шеќер
  • ½ лажичка цимет
  • Сосема малку мелено каранфилче и морско оревче
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 1 ½ дцл масло
  • 2 јајца

Потребни состојки за филот:

  • 150гр бело чоколадо
  • 200гр крем сирење
  • 125мл млеко
  • 6 јајца
  • 75гр мед
  • 1,8дцл слатка павлака
  • 1 лажичка екстракт од ванила

Потребни состојки за глазура:

  • 100гр бело чоколадо

Начин на подготовка:

Изрендајте ги морковите. Измешајте го брашното, мелените ореви, циметот, мелено каранфилче и морското оревче, како и прашокот за печиво. Во посебен сад разматете ги јајцата со шеќер и додадете масло. Изматете ги заедно сите состојки, а потоа печете ја смесата 35 минути на 170°С. Ако колачот почне многу брзо да зацрвенува, ставете фолија за печење.

Додека колачот се пече, растопете го чоколадото за филот во млеко и додадете го медот измешан со жолчките од јајцата. Гответе на пареа додека смесата не згусне. Потоа изладете ја смесата на тој начин што садот ќе го ставите во друг сад со ладна вода. Со привремено мешање додавајте го крем сирењето, слатката павлака и белките, кои претходно сте ги изматиле.

Извадете го колачот од рерна, обложете го со кремот и оставете го во фрижидер преку ноќ. Следното утро, украсете ја тортата со чоколадна глазура и малку морков.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби