Правилна исхрана за време на постите: Како треба да ги избирате намирниците?

Постот претставува начин на исхрана кој подразбира исклучување од исхраната одредени намирници, како што се месото, месните производи, млекото, млечните производи, јајцата... Тоа значи дека основата на исхраната е составена од житарици, риби, овошје и зеленчук.



За што полесно да се прилагодиме на овој начин на исхрана, потребно е барем 7-10 дена пред почетокот на постот да го намалиме внесувањето на оние намирници кои за време на постот нема воопшто да ги консумираме, за да го олесниме целиот процес.

Важно е оброците да бидат редовни, но и исхраната да биде разновидна. Исто така и по престанувањето на постот, првите денови треба да консумираме бели состојки, односно младо бело сирење, чаша јогурт или кисело млеко, како и пилешко месо. Не треба да се претерува во количината на храната, за да избегнеме надуеност, зголемени гасови, па дури и болки во стомакот, повраќање или дијареја.

Како да се храниме за време на постот, а исхраната да биде правилна?

Умерено, разновидно и доволно се клучните зборови за правилна исхрана. Редовните оброци, правилниот избор на видовите намирници и начинот на нивна припрема ќе обезбеди доволна количина на потребни хранливи материјали за добро здравје. Ускладувањето на начинот на исхраната пред се во поглед на сезонските намирници е исто така важна.



Киселата зелка претставува одличен извор на витамин С, а мешунките, кои исто така се користат во зимскиот период, претставуваат одличен извор не само на енергија туку на и на белковини. Еднакво важно е и приготвувањето на храната. Гответе во вода или на пареа, печете во рерна на масна хартија без употреба на масти и масла.

Што значи правилна, а што неправилна исхрана?

Неправилната исхрана претставува ризик фактор за бројни нарушувања на здравјето како што се дебелеење, дијабетес, болести на срцето и крвните садови, но и некои малигни болести. Правилната исхрана е еден од основните предуслови за зачувување на здравјето. Имајте редовни оброци во текот на денот, правите правилен избор на намирници и подготвувајте ги на здрав начин.



Современиот начин на живот кој се карактеризира со долг работен ден, внесување на барем еден, а најчесто и повеќе оброци во текот на денот надвор од домот, доведе до тоа луѓето да внесуваат значително поголеми количини на храна од оние кои се потребни за оптимално функционирање на организмот. Основата на секојдневните оброци се печива, тестенини, млечни производи, месо, па постот е мошне функционален за организмот да се исчисти и некој период да се прехрани само со оние состојки кои му се потребни, а истовремено се и здрави за нашето тело.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби