Најнеобични додатоци за пица низ светот

Има ли некој што не јаде пица? Било да е обична маргарита или пак нешто покомплицирано, пицата е едно од омилените јадења на денешницата. Сепак, некои комбинации на состојки кои што се користат низ светот звучат мошне откачено.

1) Банана и кари – Шведска

Банана-кари пицата се наоѓа во секцијата за “обични“ или “класични“ пици во менијата во Шведска и е многу слична на Хавајската која што има и шунка, но не и кари.

2) Пушено месо од ирвас – Финска

Наречена пица Берлускони, според италијанскиот лидер кој во 2005-та ги навредил Финците во врска со нивните обичаи за храна и за јадењето месо од ирвас, нејзините главни состојки се токму тој тип на пушено месо, специјален вид на печурки, и кромид.

3) Сардини, туна, скуша и лосос – Русија

Заборавете на Кватро Формаџи пицата со 4 врсти сирења. „Москва“ е пица од Русија која има 4 врсти на риби: сардини, туна, скуша и лосос, гарнирани со разни билки и кромид, а се служи оладена.

4) Кокос – Костарика

Додека скоро насекаде низ светот кокосот се додава во слатката храна, во Коста Рика тоа е еден од омилените додатоци за пица, заедно со ракчиња.

5) Крокодил и кенгур – Австралија

Овие животни се исклучително застапени во Австралија, па има голема смисла да се вклучени и во менито на пицериите. Таму оваа пица често се служи маринирана со тајландски билки и зачинет кокосов крем, а се нуди и пица со месо од ему.

6) Мастило од лигњи – Јапонија

Јапонија е позната по морската храна, а особено лигњите, чие мастило се користи и како додаток врз пица. Иако визуелно не изгледа баш привлечно, мастилото и дава слаткаст вкус, а обично се комбинира со ракчиња или октопод.

7) Грашок – Бразил

Бразилските пици имаат (за нас) невообичаени додатоци како моркови или суво грозје, а еден од честите е и свежиот грашок.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби