ДА ВЕ НАСТРВИМЕ РАНО НАУТРО

Рецепт за домашен бурек со месо

Кој не сака да јаде бурек? Сите сакаме! Добро, освен оние кои се на диета или водат здрав живот. Но, бидејќи во последно време постојано пишуваме некои посни рецепти, време е да ви предложиме да направите нешто масно, а помасно од домашен бурек.. не постои.



Потребни состојки:

  • 500гр тенки кори (од тие за пити)

  • 250-300гр мелено месо

  • 2 главици кромид

  • масло

  • сол и црн бибер

  • 250мл млака вода

  • 50мл масло

  • лажичка сол

Начин на подготовка:

Во поголема тава на малку масло, испржете го ситно исечканиот кромид. Кога малку ќе омекне, додадете му го месото и мешајте 15-на минути. Додадете му сол и црн бибер. Во лонче со топла вода додадете масло и сол и мешајте.

Садот за печење намачкајте го со масло и ставете на дното 3-4 кори, чии краеви ќе излегуваат надвор (види фото), а секоја кора попрскувајте ја со водата и маслото. Останатите кори исечкајте ги на помали, делови.



Ставете еден ред исечкани кори, попрскајте ги со водата, а потоа ставете месо. Така редете го садот се додека не се истроши целото месо, а за на крај оставете 2-3 лажици вода. Може ви изгледа дека има премногу вода, но таа количина е потребна за корите да не останат суви.



Последниот слој на месо, затворете го со оние кори кои останале надвор од садот, попрскајте ги со останатата вода и ставете го бурекот во загреана рерна. Печете околу 30-40 минути на 180°С, додека не зацрвенее.

Кога ќе се испече, извадете го од рерна, а преку садот поставете една чинија па превртете го на тој начин што дното ќе остане горе во чинијата. По 10 минути исечете го.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби