Скриената причина поради која постојано чувствувате глад

Кога ќе се „почестите“ со омилениот десерт, понекогаш е тешко да престанете да јадете. За среќа, нашите тела имаат вграден систем со кој се спречува прејадувањето – иако сакате уште, телото испраќа сигнали до мозокот дека потребите за храна се задоволени.

Но што ако тие сигнали по пат се изгубат, никогаш не испорачувајќи ја пораката дека сме најадени?

Тоа, за жал, е реалност за некои луѓе. Иако истражувачите сè уште ги истражуваат комплексните причини кои водат до здебелување, некои од нив како главен кривец го посочуваат хормонот лептин – протеин направен од масните клетки во телото. Тој бил откриен во 1994, и докторите веруваат дека е клучен за „отклучување“ на физиологијата на дебелеењето.

Лептинот е познат како хормон кој го контролира апетитот/гладот. Откога јадеме, нашите масни клетки го излачуваат во крвотокот, преку кој патува до мозокот, сигнализирајќи му дека сме најадени. Оние кај кои лептинот функционира нормално, можат да јадат до степен кога се чувствуваат задоволно, и да не продолжат да внесуваат дополнителна храна. Но кога мозокот се мачи да го детектира хормонот, не се активира потребниот одговор на организмот. Оваа состојба е наречена отпорност на лептин.

Доколку се има оваа состојба, и покрај тоа што телото произведува сè повеќе лептин кој обидува на мозокот да му каже дека сме најадени, мозокот тоа не го регистрира. Така се активира циклусот – колку повеќе јадеме, толку повеќе се зголемува бројот на масни клетки, кои излачуваат сè повеќе лептин. А колку повеќе се зголемува телесната тежина, толку помалку чувствително станува телото на овој хормон.

Бидејќи оваа отпорност сè уште се истражува, научниците не се сигурни што точно ја предизвикува, освен дека со сигурност е поврзана со други медицински состојби, како дебелината, тип 2 дијабетесот, проблеми со тироидната жлезда, и зголемен број на триглицериди во крвотокот. До неа може да доведе и неактивен живот и исхрана богата со процесирана храна и едноставни јаглехидарти.

За жал, не постои дефинитивен начин со тестирање на крвната слика да се одреди дали некој има отпорност на лептин, па поради тоа докторите дијагнозата обично ја поставуваат набљудувајќи ги физичките симптоми како зголемената тежина и присуство на висцерална маст на стомакот. Знаци за оваа отпорност се и високото ниво на инсулин мерен „на гладно“, како и бројот на триглицериди над 200.

Бидејќи за оваа состојба не постои специфичен лек, симптомите се намалуваат и елиминираат со промена на начинот на живеење – со правилен режим на исхрана и физичка активност. Потребно е да се исфрли процесираната храна која поттикнува воспалувања, како и да се лимитира внесот на едноставни јаглехидрати и шеќери.

Докторите сè уште истражуваат како лептинот функционира со останатите хормони со кои се регулира телесната тежина, како што се грелинот (хормон на гладот), инсулинот (кој помага за создавање мускули и регулирање на шеќерот во крвта) и адипонектинот (кој го подобрува метаболизмот).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби