СПРЕЧУВА СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА

6 причини зошто е добро да јадете калинка

Калинката обезбедува значителни здравствени придобивки за мажите и жените. Содржи три вида на антиоксидантите полифеноли – танини, антоцианини и елагична киселина и според одредени студии е прогласена за најздрав цеден сок од 10-те најздрави сокови и други пијалаци. Еве во што сè помага:

1) Борба против вишокот килограми

230ml сок од калинка дневно го спречуваат накачувањето на килограмите. Во студија од 2016, истражувачи од Queen Margaret University во Единбург, Шкотска, на доброволци секојдневно им давале суплемент од калинка кој ја содржел кората, мекото ткиво и семките од овошјето, а по 3 недели им била давана чашка сок од калинка пред оброк. Оние на кој што претходно им бил даван суплементот биле помалку гладни, имале помала желба за храна и се чувствувале посити и позадоволни од плацебо групата. Заклучокот бил дека полифенолите во калинката функционирале како намалувачи на апетитот.

2) Спречува срцеви заболувања

Студија од 2010 покажала дека 800ml масло од семките на калинката земано секој ден во период од 4 недели ги намалувало триглицеридите, и го подобрувало односот помеѓу нив и “добриот“ HDL холестеролот. Исто така било откриено дека калинката заштитува од срцевите заболувања и удари.

3) Се бори против рак на дојката

Фитохемикалиите во калинката помагаат при превенција, па дури и го забавуваат растењето на разни видови на рак на дојка. Во студија од 2010 било откриено дека во неколку тестови елагитанините го инхибирале растот на рак на дојка кој реагирал на естроген. Тие ги инхибираат ароматазите – клучни ензими кои телото ги користи да создава естроген. Елагитанините исто така влијаеле на растот на ракот со тоа што спречувале дуплирање на неговите клетки, и на растот на рецепторите за естроген. Уролитин Б, состојка која произлегува од елагитинините, најмногу го инхибирала растот на овие клетки.

4) Ја подобрува меморијата

Полифенолите во калинката се поврзуваат со подобрување на мозочното здравје преку подобрување на меморијата кај постарите луѓе.

5) Се бори против артритисот

Калинката е анти-воспалителна храна која помага за неутрализирање на разните воспалувања и редуцирање на тежината на симптомите. Студија од 2016 покажала дека екстракт од калинка намалува биомаркери за реуматоиден артритис и оксидативен стрес.

6) Ја третира еректилната дисфункција

Пиењето сок од калинка докажано ја подобрува сексуалната функционалност кај мажите. Студија од 2007 открила дека 100% сок од калинка помагал во менаџирање на еректилната дисфункција – половина од учесниците пријавиле подобрување на нивните ерекции по пиење на 230ml ваков сок секој ден во траење од две недели, а потоа четири недели. Во плацебо групата, подобрување пријавиле само 30% од учесниците.

Истражувачите сметаат дека резултатите се должат на антиоксидансите кои можат да ги запрат слободните радикални молекули да го инхибираат протокот на крв во пенисот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби