Уникатни идеи за декорирање на велигденски јајца

Традиционално утре на Велики четврток се бојадисуваат велигденски јајца, рано во зората уште пред првите зраци. Како и секоја година така и оваа, првите јајца секогаш се во црвена боја, а нешто подоцна почнуваме со украсување и декорирање на останатите велигденски јајца. Доколку ви се досадни досегашните декорирања, ви нудиме неколку уникатни идеи кои ќе може да ја развеселат вашата велигденска кошничка.

Пиленца



Земете најразлични хартии, може да ги позајмите од вашите деца и исечете парчиња во вид на крила и клун. Залепете ги на јајцето, нацртајте очи со црн фломастер и јајцето е готово.

Омбре јајца



Оние јајца кои ви излегле посветли или потемни од посакуваната нијанса, секогаш може да ги наредите во ред од најсветла кон најтемна нијанса. На овој начин ќе покажете дека сте постигнале некој омбре ефект.

Јајца со имиња



На јајцата напишете различни имиња или иницијали, украсете ги со акрилни боички, точки и различни форми.

Јајца со најразлични форми



Јајцата не мора да ги фарбате, туку само сварете ги. Купете самолеплива хартија, која ќе ја исечете во различни форми и почнете да си играте. Ќе добиете мошне убави и уникатни јајца.

Црно-бели јајца



Сѐ што ви треба е перманентен маркер и бели јајца. Истото како и со претходната идеја, треба да си играте со најразлични форми, онака како што сакате.

Јајца со цвеќиња



Многу урбанистички, но мошне интересно декорирање на јајца. Скинете свежи цвеќиња, земете коноп и заврзете ги цвеќињата на јајцата.

Јајца со мустаќи



Едноставно нацртајте очи, мустаќи и носе за вашето јајце да се претвори во мал џентлмен.

Светкави јајца



Купете лепило со светки и на бојадисаните јајца капнувајте по неколку капки. Оставете лепилото да се исуши и вашите јајца се подготвени за изложување.

Испрскани јајца



Во еден сад ставете акрилна боја. Земете стара четка за заби, која ќе ја употребите за да направите ефект на испрскани јајца, со најразлични шари. Натопете ја четката во боја, поставете го јајцето пред четката и поминете со врвот од прстите низ четката за да се распрска бојата на јајцето.

Животни



Како што спомнавме погоре, со листови освен пиленца може да направите повеќе животни. Жаба, мече, свинче, сѐ што сакате. Само изрежете хартија и разиграјте ја фантазијата.

Јајца со волница



Земете шарена и тенка волница. На јајцето ставете силинконско лепило и полека поминувајте од врвот до крајот на јајцето со волницата со цел целото да го опфатете.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби