Гордон Ремзи открива една работа што не смеете ја да порачате во ресторан

Гордон Ремзи е најпознатиот светски готвач, кој веќе седма година снима шоу „The F Word“. Токму пред започнувањето на новата сезона на ова шоу, тој реши со сите гурмани да сподели одредени тајни за исхраната. Неговите совети вредат многу, затоа што има огромно искуство ем со храната ем со рестораните, како сопственик на ланец ресторани.



Кој е протоколот ако се послужи лошо јадење?

-Муштеријата е крал. Ако ви донесат лошо јадење, ноќта кога специјално сте излегле на вечера, веднаш кажете му на келнерот за да може да си ја поправат грешката сега и во иднина. Исто така, многу е важно и да го пофалите доброто јадење и услугата. Немојте да сте срамежливи при делењето на комплименти.

Дали е добро да го прашаме келнерот за препорака?

Зависи од ресторанот, но келнерите ги имаат пробано речиси сите работи од менито, но и може да ви кажат што му е новитет на готвачот и што сакаат да јадат локалните жители. Лично, сум добил многу добри препораки.

Што не треба никогаш да нарачуваме во ресторан?

Прашајте која била супата (јадењето) на денот пред денешниот специјалитет. Можеби ќе излезе дека тоа всушност е јадење на месецот.



Дали менијата за Денот на вљубените се само измама?

Тоа е најлошиот ден да излезете во ресторан. Готвачите се презафатени со милион вечери, па воопшто нема да уживате во реалноста на ресторанот. Затоа, гответе дома за Денот на вљубените. Зарем има нешто поромантично од тоа да си готвите со партнерот заедно додека пиете вино?

Дали е табу тема да нарачате добро подготвен стек?

Проблемот со претерано зготвените меса е тоа што не го доловуваат вистинскиот вкус на месото и неговата посебна текстура, па затоа добро е да ги слушате препораките на готвачот или секогаш да потенцирате како зготвено да ви биде месото.

Кој е најапсурдниот мит кој те полудува?

Дека секој си мисли дека може да има или да управува со ресторан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби