ИНТЕРЕСНИ И ИНОВАТИВНИ ПРЕДЛОЗИ

Dave’s Kitchen: Роденденска трпеза за незаборавна прослава

Денот кога сме родени, несомнено е еден од оние денови кои сакаме да ги поминеме во одлично расположение и во друштво на најблиските.

И додека едни претпочитаат прославата да ја направат во некој ресторан или кафеана, други наоѓаат поголемо задоволство во домашната атмосфера. Доколку се пронајдовте во втората категорија, Dave’s Kitchen има одлична идеја за вашата роденденска трпеза.

Централниот дел од масата се разбира е резервиран за вкусна чоколадна торта, додека како дополнителна закуска Dave’s ни предлага да приготвиме декоративни колачи. За оние кои сакаат и нешто солено, тука се лазањата и кус кус салатата.

Се разбира оваа прослава не може да помине без добар аперитив, во случајов аперитив од горчлив портокал и бело вино. Комбинација која им порачува добредојде на гостите.

Прекрасната чоколадна торта ќе ја направите на следниот начин:

Потребни состојки за 1 тесто:

  • 3 јајца

  • 120 гр шеќер во прав

  • 50 гр. растопено чоколадо

  • 50 гр. ореви

  • 2 лажици какао

  • 100 гр. путер

  • 3 лажици брашно

  • 1 лажичка прашок за печиво

Начин на подготовка:

Жолчките се матат со шеќерот во прав. Во оваа смеса се додаваат пенесто изматените белки, па потоа полека се додаваат и другите состојки. Пандишпанот се става во подмачкано округло тавче на механизам (број 28) и се пече околу 20-тина минути на 150 степени.

Постапката се повторува 3 пати за да се се добијат за 3 теста.

Потребни состојки за филот:

  • 6 јајца

  • 250 гр шеќер во прав

  • 100 гр. растопено чоколадо

  • 100 гр. ореви

  • 3 лажици какао

  • 200 гр. путер

  • 300 гр. исчистени, измиени и исцедени вишни

Начин на подготовка:

Прво матите 6 жолчи со шеќерот во прав и во нив ги додавате пенесто изматените белки. Потоа во филот ги додавате и другите состојки и го оставете во фрижидер од 2 до 3 часа.

Потребни состојки за декорација:

  • 300 гр. путер

  • 350 гр. шеќер во прав

  • 4 лажици какао

Начин на подготвка:

Путерот е потребно да биде на собна температура. Ставете го миксер заедно со шеќерот во прав и какаото и матете додека не добиете убава изедначена смеса.

Тортата ја склопувате така што земате од комплетно изладените пандишпани и ги премачкувате со филот од вишните. Одозгора целата торта ја премачкувате со 1/4 од филот со путер и шеќер во прав. Ја оставате да се излади околу 2 часа за потоа започнете со финалната декорација. На крај украсувате со цреши, чоколадо, макаронс или нешто друго по желба.

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби