Храна за подобро здравје на очите

Сигурно досега сте слушнале дека морковот и останатите портокалови овошја и зеленчуци го заштитуваат видот и подобруваат здравјето на очите – што е точно, бидејќи бета-каротенот кој го содржат е провитамин кој во телото се трансформира во витаминот А, кој и помага на ретината и останатите делови од окото правилно да функционираат.

Но, не само бета-каротенот, туку и многу други витамини и минерали се есенцијални за здрав вид. Еве неколку видови на храна кои е пожелно да ги внесувате за да го одржувате неговото здравје:

1) Лиснат зеленчук

Oвој вид на зеленчук е богат со лутеин и зеаксантин – антиоксиданси кои, според одредени студии, го намалуваат ризикот од развивање на макуларна дегенерација и катаракти.

2) Јајца

Жолчката од јајцата е примарен извор на лутеин, зеаксантин и цинк.

3) Цитрус и бобинки

Овие овошја се богати со витамин Ц, кој докажано го редуцира ризикот од развивање на макуларна дегенерација и катаракти.

4) Бадеми

Бадемите се богати со витамин Е кој ја забавува макуларната дегенерација, а една шака бадеми содржи половина од потребната дневна доза од овој витамин.

5) Помасни риби

Туната, лососот, скушата и пастрмката се богати со DHA, масна киселина која се наоѓа во ретината на окото, и чие намалено ниво може да предизвика синдром на суво око.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби