Рецепт за меки переци вкусни како оригиналните

Меките переци се одлични за појадок или закуска. Ги обожаваат и младите и повозрасните, па време е да се потрудите да ги направите.



Потребни состојки:

  • 300мл топла вода
  • 1 лажица сол
  • 1 лажица шеќер
  • 7гр сув квасец
  • 900гр брашно
  • 3 лажици масло
  • 120гр сода бикарбонат
  • 2 жолчки од јајце
  • крупна морска сол за посолување

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 230°С. Во стаклен сад измешајте ја водата, ситната сол, шеќерот и квасецот. Оставете ја смесата да отстои околу 5 минути додека квасецот не зоврие. Додавајте го брашното и двете лажици масло додека не добиете тесто.

Извадете го тестото, а садот намачкајте го со преостанатото масло, па потоа вратете го тестото во садот. Покријте го со пластична фолија и оставете го тестото еден час да се дигне.

По еден час, поделете го тестото на осум делови. Развлечете го секој дел во долга трака, за на крај да направите облик на перек.

Загрејте лонец со вода и во неа ставите сода бикарбонат. Секој перек ставајте го во зовриената вода околу 30 секунди, па префрлете ги во тава на која претходно сте ставиле хартија за печење. Премачкајте ги переците со жолчка и посолете со крупна морска сол.

Печете во рерна околу 10-15 минути додека не добијат златна нијанса.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби