Вкусно и посно

Dave’s Kitchen: Парени посни полжавчиња

Ова недела од кујната на Давор го имаме идеалниот рецепт за сите оние кои сакаат десерти со шербет.

Потребни состојки:

  • 3 филџани гриз

  • 1 квасец

  • 3 филџани зејтин

  • 3 филџани вода

  • 1 ванила

  • 1 пециво

  • 2 лажици какао

  • брашно по потреба

За шербет:

  • 700 гр шеќер

  • 700 гр вода

  • 1 ванила

  • сок од 1 лимон

Начин на подготовка:

Од првите состојките се меси тесто. По потреба се додава брашно додека не се добие убаво тесто за работа. Се дели  на два дела и во едната половина се додава какаото и потоа се меси додека не се добие хомогена смеса. Во следната фаза се рaсукува кора во правоаголен облик и од белото и од црното тесто. Се ставаат едно врз друго и се виткаат во ролат. Се сечат кругови и се печат во тавче на 130-150 степени додека не заруменат.

За да го подготвите шербетот, во тенџере на оган зовријте ги сите состојки и оставете да вријат околу 5 минути.

Откако сте ги испекле полжавчињата оставете ги малку да се изладат и потоа врз нив полејте го врелиот шербет. За полесно да го впијат шербетот се препорачува приготвените полжавчиња да се прекријат со алуминиумска фолија.

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби