Dave’s Kitchen: Плетена штрудла со џем

Овој четврток е резервиран за вкусен рецепт од кујната на Давор и Dave’s Kitchen.

Доколку штрудла со џем ви звучи примамливо тогаш прочитајте го рецептот и фатете се за работа.

Потребни состојки:

  • 500 гр. брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 4 лажици шеќер
  • 20 гр. свеж квасец
  • 300 мл. млако млеко
  • кора од 1 портокал
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • прстофат сол
  • 70 гр. омекнат путер

За премачкување:

  • 1 јајце, лесно изматено

За филот:

  • 9 лажици мешан џем

Начин на подготовка:

Во длабок сад ставете го брашното, прашокот за печиво, шеќерот, кората од портокал, прстофат сол и ванилиниот шеќер. Со помош на вилушка добро промешајте ги овие состојки, а потоа додадете го квасецот, млекото и омекнатиот путер. Замесете убаво меко тесто од овие состојки и оставете го тестото да стаса околу 60-70 минути.

Поделете го стасаното и размесеното тесто на три еднакви делови и секој дел расукајте го во правоаголна форма. Секој од деловите премачкајте го со по 3 лажици од џемот и свиткајте го во ролат. Од трите ролати направете плетенка и големата плетенка свиткајте ја во круг во форма на полжав. Оформената штрудла ставете ја во округло тавче на механизам со пречник од 26цм и оставете да стаса околу 30 минути.

Пред печење штрудлата премачкајте ја со изматеното јајце и испечете ја во загреана рерна на 180 степени околу 30-40 минути. Сервирајте со шеќер во прав.

За повеќе рецепти од кујната на Давор можете да погледнете на неговата ФБ страница Dave's Kitchen



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби