Хранливи состојки кои градат мускули, а не се протеини

Кога станува збор за здравјето на мускулите, за него дефинитивно е најзаслужен протеинот, бидејќи аминокиселините од него се истите оние од кои се создадени мускулите.

Повеќето возрасни лица имаат потреба од 25 до 35 грама протеин од секое јадење за да ги одржуваат мускулите силни и здрави, но сепак протеинот не е единственото гориво кое ги напојува мускулите. Еве уште неколку хранливи состојки кои го подобруваат здравјето на мускулите, но и на целото тело:

1) Калциум

Како што е важен за здрави коски, калциумот е важен и за градење на здрави мускули. Суштински дел од контракцијата на мускулите е регулацијата на калциумот, а неговото испуштање во мускулите ја започнува секоја контракција – без разлика дали дигате тегови или куцате на тастатура.

Возрасните имаат потреба од 1000 до 1300 милиграми калциум дневно, кои можат да се внесат преку млекото, зеленчуците со зелени листови, лососот или тофуто. Доколку имате потешкотии со некоја од храниве, консултирајте се со доктор во врска со земање на суплементи кои содржат калциум.

2) Витамин Д

Овој витамин има скоро идентична функција како калциумот. Поради тоа, движете се на сонце, јадете жолчки од јајце, печурки, масни риби како и зајакнати млечни производи.

3) ХМБ

Позната и како бета-хидрокси бета-метилбитрат, оваа состојка ја има во вашиот крвоток во мали дози откако телото ќе го разложи леуцинот – аминокиселина која ја има во јајцата, сојата, месото и рибата. Истражувањата покажале дека ХМБ го забавува распаѓањето на мускулите, особено кај неподвижните (постари) личности, како и оние кои не тренираат.

Бидејќи потребната дневна доза ХМБ е еквивалентна на внес на 600 грама протеин или 60 грама леуцин, што е невозможно, решението е во суплементацијата во вид на протеински прашоци или ХМБ прашоци.

4) Цинк

Цинкот го подобрува имунолошкиот систем и помага при заздравување на мускулите по вежбањето. Тој ја надополнува синтезата на протеинот – процес преку кој протеинот кој го внесувате преку јадењето станува дел од мускулите. Главни извори на цинк се црвеното месо и живината, како и школките, додека вегетаријански опции се гравот и грашокот, меѓу другите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби