3 работи поради кои не успеваме да ослабнеме

Понекогаш практикуваме ригорозни диети и редовно вежбаме, но сепак не можеме да ги загубиме посакуваните килограми.

Прочитајте ги следните 3 психолошки нешта поради кои не ви успева да ги постигнете посакуваните резултати.

1. Храната како начин да избегаме од непосакуваните мисли и емоции

Сте забележале ли дека луѓето кои се под стрес јадат многу повеќе?

Тоа се случува поради не можноста да  ги изразите своите лични емоции, особено доколку кога сте биле мали ви велеле „Не плачи“, „Не се жали“ итн.

Сега сте возрасни и иако некои навики е тешко да се променат,  сепак можете да успеете со голема упорност. На пример не е воопшто страшно да посетите и психолог кој можеби ќе ви помогне да се справите со оваа навика која постојано ви наштетува.

2. Ја користиме нашата мрзливост како адут

Понекогаш сите сакаме да ги оставиме работите за утре, следниот месец, па дури и ако не воопшто итно, следната година.

Секогаш бараме изговори подсвесно да не ги оствариме нашите „соништа“. На пример, „Сакам да научам да танцувам, но не можам поради тоа што имам прекумерна тежина.“.

Започнете со вежбањето уште денеска за да го остварите вашиот сон. Така ќе бидете задоволни од животот и работите кои ги правите.

3. Изговор да не го решиме проблемот со самодовербата

Малата самодоверба е уште една психолошка пречка која ни е голем противник во одлуката  за слабеење. Доколку седиме и објаснуваме колку големите облини се дел од нашиот стил и дека обемот ни е секси, тогаш тоа е повеќе од јасно дека сакаме да останеме онакви какви што сме, а не да слабееме.

Исто така, не е изговор „наследната дебелина“. Таа постои и некои луѓе имаат генетски предиспозиции за да бидат со прекумерна тежина како нивните родители, но тоа може да се смени со промена на начинот на исхрана и со повеќе физичка активност. 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби