Dave`s Kitchen: Божиќна плетена погача

Овој четврток од кујната на Давор и Dave`s Kitchen имаме одличен рецепт за тоа како да ги воодушевите гостите за еден од најубавите празници во годината – Божиќ.

Погачата изгледа фантастично, а се подготвува многу лесно.

Потребни состојки:

За тестото:

  • 600 гр. брашно
  • 250 мл. млако млеко
  • 50 мл. масло за јадење
  • 1 цело јајце + 1 белка
  • 20 гр. свеж квасец
  • 2 лажички шеќер
  • 2 лажички сол

За премачкување:

  • 150 гр. путер или маргарин
  • 1 жолчка
  • 2 лажички млеко

За декорација:

  • мак
  • сусам

Начин на подготовка:

Најпрво замесете меко тесто од состојките за тестото. Оставете го да стаса околу 70-тина минути.

Размесете го тестото и поделете го на 4 еднакви делови и секој дел расукајте го во округла форма колку што е големо вашето тавче. Секоја кора премачкајте ја со путер и редете ги една врз друга, така што последната кора нема да ја премачкате за да можете подобро да ракувате со погачата.

Во средина ставете чаша така што ќе ги пресечете корите на 8 еднакви делови , а секој дел (од тие 8) на уште три еднакви делови. Превртете ги деловите на страна така што ќе се гледаат сите слоеви со путерот помеѓу секоја кора. Исплетете плетенка од трите дела. Вкупно треба да излезат 8 плетенки.

Оставете погачата да стаса околу 40 минути. Премачкајте ја со жолчка и млеко заедно промешани и декорирајте со мак или сусам. Печете на загреана рерна од 180 степени околу 30-40 минути.

Погледнете и нови идеи за празнични рецепти од кујната на Давор, како и идеи за Бадниковата вечер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби