Храна која го подобрува имунитетот

Падот на температурите го сигнализира стартот на сезоната на настинки и грип, од која најдобро може да се заштитиме со годишната вакцина против грип. Но, во нејзин недостаток, телото може да го заштитиме и преку внес на некоја од продуктите кои го подобруваат имунитетот.

1) Чај од ѓумбир

Ѓумбирот има силни анти-инфламаторни карактеристики со кои може да се справи со настинката или грипот, а бидејќи воспаленијата можат да влијаат на имунолошката реакција на телото, ѓумбирот игра клучна улога во подобрување на имунитетот.

2) Портокали

Добро познато е дека портокалите се богати со витаминот Ц, кој меѓу другото помага и за намалување на траењето и силината на симптомите на настинката.

3) Боровинки

Боровинките се полни со антиоксиданси кои помагаат за превенција на кашлицата и настинката. Флавоноидите кои тие ги содржат според некои студии кај возрасните личности ја намалувале шансата за настинување за 33%, во споредба со оние кои не ги внесувале.

4) Женшен чај

Овој чај се користи за третирање на инфекции на горниот респираторен тракт, т.е на обичната настинка.

5) Див лосос

Дивиот лосос е богат со цинк, хранлива состојка која помага при намалувањето на симптомите на настинката. Во една студија било докажано дека кај децата на возраст од 1 до 10 години цинкот значително ја намалувал силината и траењето на симптомите доколку бил земен во првите 24 часа од нивното појавување. Нешто слично било докажано и во тестирање врз деца на возраст од 6.5 до 10 години, а оние кои дневно земале 15mg цинк во период од 7 месеци покажале значително помали шанси за разболување во сезоната на грип и настинки во споредба со оние од контролната група која тоа не го правела.

6) Темно чоколадо

Тоа содржи голема концентрација теобромин – антиоксидант кој го лекува кашлањето, особено кај оние со бронхит.

7) Брокула

Сулфорафанот кој овој зеленчук го содржи ги вклучува антиоксидантните гени и ензими во специфични имуни клетки кои се борат со слободните радикали во телото и спречуваат да се разболиме.

8) Ладно цедено маслиново масло

Големата количина на полинезаситени масни киселини во овој вид на масло функционираат како анти-инфламаторен агент во телото, што исто така помага во чување на телото од инфекции и подобрување на имунолошкиот систем.

9) Зелен чај

Покрај тоа што е еден од најдобрите чаеви кој помага при губење на тежината, тој исто така е добар избор против настинките поради флавоноидите кои ги содржи, како и антиоксидансот катехин кој има антибактериски и антивирусни карактеристики, и може да ги убие бактериите кои ја започнуваат настинката, како и инфлуенца вирусот (т.е грипот)

10) Спанаќ

Спанаќот спаѓа во „суперхраните“ кои се одлични за целокупното здравје и е богат не само со растителни влакна кои го подобруваат варењето, туку и со витамин Ц.

11) Јајца

Јајцата, а особено нивната жолчка, е преполна со хранливи состојки кои го подобруваат имунитетот, меѓу кои и витаминот Д.

12) Лук

Лукот има репутација на најдобра храна која лечи и спречува настинка и тоа со право. Едно истражување покажало дека партиципантите кои јаделе лук во период од 3 месеци имале 24 случаи на настинка, во споредба со 65 случаи кај контролната група.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби